• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА10:04 07 декември 2017 ● Прочитано 1561

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се врти кон грчкиот премиер Алексис Ципрас, како еден од ретките европски политичари со кого има отворена добра соработка, оценува германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ) по повод денешната посета на шефот на турската држава на Грција.

- На Ердоган му е потребен Ципрас. Во моментов, (Доналд) Трамп и Ердоган се откажуваат еден од друг, додека Ципрас има добри односи со американскиот претседател и не го крие тоа - пишува ФАЗ.

Според весникот, на некој начин и Ердоган и Ципрас ги мобилизираат своите поддржувачи на сличен начин.

- Ципрас ги дели луѓето на богати и сиромашни, додека Ердоган ги дели на верни сунити и неверници, оценува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Германскиот весник наведува дека отворените прашања меѓу двете земји го вклучуваат и спорот околу екстрадицијата на осумте турски офицери кои побараа азил во Грција по неуспешниот воен удар во 2016 година, како и трката во вооружување.

Турција беше дел од проектот за развој на најмодерните американски ловци Ф-35, на што Грција одговори со проект за модернизирање на нејзините авиони Ф-16, за што, сепак, според весникот, Грција веројатно нема да има доволно пари.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца астронаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица

Екипажот постепено ќе пристапи кон станицата, која орбитрира на околу 400 километри над Земјата.

Бомбашки напад врз црква во Пакистан

Во провинцијата Балучистан, на границата со Авганистан и со Иран, често има меѓуверски насилства, напади од исламистичките милитанти...

Анита Хил ќе раководи со Комисијата за истражување на сексуалното злоставување во Холивуд

Комисијата ќе бара сеопфатно решение на проблемот со сексуалното злоставување, а треба да почне со работа следната година.

Советот за безбедност можно е да ја укине одлуката на Трамп за Ерусалим

Британската агенција вели дека дипломатите тврдат дека нацртот има поширока поддршка, но дека Вашингтон најверојатно ќе стави вето на текстот.

Австралијанец уапсен поради продажба на делови за севернокорејски ракети

Чан е прв човек што Австралија го обвинува по уредбата за оружје за масовно уништување и може да биде осуден на 10 години затвор.

НАЈЧИТАНИ