• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА10:40 07 декември 2017 ● Прочитано 5064

Вкупно 25,28 милијарди денари или 406,55 милиони евра ќе биде буџетот за образованието во 2018 година што е пет отсто повеќе од 2017.

Како што соопшти денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Рената Дескоска, за основно образование се предвидени 45 проценти од буџетот, 26 отсто се за високо образование, 19 проценти за средно, шест отсто се наменети за ученички и студентски стандард, два отсто се предвидени за наука, а 1,8 отсто за администрација.

- Догодина ќе бидат значително зголемени средствата за блок-дотации за општините со цел подобрување на условите во училиштата. За оваа намена се проектирани 600 милиони денари повеќе од годинашниот Буџет, што е зголемување за 4,62 отсто - истакна Дескоска.

Министерката најави и зголемување на платите на наставниците во основното и средното образование за пет отсто.

- Буџетот за образование во 2018 година е развоен и со него ќе се инвестира во квалитет и подобри услови за сите - нагласи Дескоска на прес-конференција во Владата. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Во сообраќајка повредени две малолетнички

Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

Струмичанец во притвор, се обидел да силува две девојки

На 1 декември околу полноќ на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К...

Мајка пријавила дека нејзиното момче ја силувало ќерката

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Бошкоски: Изгледа, Груевски продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев?, додаде Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест пред Министерството за правда

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани, вели ВМРО - ДПМНЕ.

НАЈЧИТАНИ