• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо11:34 07 декември 2017 ● Прочитано 1605

Општина Центар во 2018 го продолжува проектот, „Центар се грижи за возрасните“, за нега на возрасните граѓани кои живеат на територија на општината.

„Моментно акцијата паузира, а во наредната година ќе бидат склучени нови договори кои ќе имаат важност цела година со нови содржини и поволности. За 2018-та година за оваа намена, општина Центар ќе издвои поголем буџет. Голем е интересот на граѓаните на општината за овој проект и за реализацијата од страна на Здружението „Хуманост“.

Оние граѓани кои ќе добијат вакви субвенции, како и досега првично ги посетува социјален работник, кој ги нотира нивните потреби од медицинска нега. Потоа, земјаќи ги предвид индивидуалните потреби на секој граѓанин, се одредуваат бесплатните услуги и помош која треба да му се пружи на секој корисник одделно.

Лиценцирани негователи ќе ги посетуваат лицата 3 пати неделно за да се добие потребната нега.

Физиотерапевт кој ќе ги посетува два пати во неделата или 8 пати месечно за лицата кои имаат потреба од физикална терапија.

Новина е тоа што еднаш месечно корисниците ќе ги посети медицинска сестра или психолог во зависност од потребите на корисниците.
Стручна комисија, при изборот ќе води сметка за социјалниот статус, финансиската и здравствената состојба на лицето кое аплицира за помош“, објаснуваат од Општина Центар.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ