• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 77
МИА11:32 07 декември 2017 ● Прочитано 498

Палестинската исламистичка група Хамас повика на ново востание - Интифада против Израел, откако американскиот претседател Доналд Трамп го призна Ерусалим за израелски главен град.

- Треба да упатиме повик и да работиме на започнување Интифада против ционистичкиот непријател, изјави во Газа лидерот на Хамас, Исмаил Ханија, кој одлуката на Трамп ја нарече „објава на војна“.

Според него, таа одлука ставила крај на мировните договори од Осло и „го погребала мировниот процес на Блискиот Исток“.

- Изјавуваме дека Ерусалим е неделив, ниту Источен, ниту Западен, и ќе продолжи да биде главен град на Палестина, на цела Палестина, рече Ханија.

Палестинците на Западниот брег денеска штрајкуваат во знак на протест против одлуката на американскиот претседател, поради што се затворени се сите трговски центри, училишта и институции. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Талибанци убија осум полицајци во напад во централен Авганистан

Портпаролот на гувернерот на провинција наведе дека талибанците го нападнале полицискиот контролен пункт од четири страни, користејќи тешко оружје.

Земјотрес од 4,8 степени го стресе Пловдив

Епицентарот на земјотресот е на 2 километри североисточно од Асеновград, на 17 километри југоисточно од Пловдив и е на длабочочина од 10 км.

Маж се разнесе со бомба пред американската амбасада во Подгорица (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Непосредно пред самоубиството, лицето од крстосницата кај Спортскиот центар фрлило експлозивна направа во кругот на американската амбасада.

Во Мексико повредени 25 лица при експлозија на траект

Повредените се главно мексикански државјани, а има и тројца Канаѓани и двајца Американци.

Бројот на загинати во автобуската несреќа во Перу се искачи на 44 лица

Во несреќата се повредени 12 лица, кои со хеликоптери биле пренесени во болница.

НАЈЧИТАНИ