• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА11:37 07 декември 2017 ● Прочитано 1038

Министерката за образование и наука Рената Дескоска денеска, одговорајќи на новинарски прашања, рече дека со ревизијата која ќе се спроведува исклучиво законски, ќе бидат опфатени сите учебници во кои се нотирани грешки, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи.

- Ревизијата нема да биде ревизија на факти, туку на невистинити факти. Некои работи што се случиле, ниту јас, ниту кој било друг не може да ги бриши од историјата - потенцира министерката.

На прашањето дали МНР побарало од МОН формирање заедничка комисија со Грција за евентуална ревизија на учебниците, Дескоска напомена дека во нејзиниот мандат тоа не се случило.

– Претходно дали имало нешто такво, не знам -  рече Дескоска.

Во врска со Кембриџ системот, министерката соопшти дека не може да се каже дали тој ќе биде исфрлен од прво одделение.

– Од анализите на работната група кои се веќе готови и ќе бидат презентирани во понеделник, ќе се види дали учебниците по Кембриџ се компатибилни со наставните планови. Ако има компатибилност, ќе може рамноправно да конкурираат со другите учебници, а ако не, ќе отпаднат - рече Дескоска.

На прашањето дали ќе се намали бројот на ученици во паралелките, министерката информира дека согласно законските измени нема да се лимитира бројот на деца, но ќе се тежнее бројот на ученици во паралелките да биде максимум 24.

Најавувајќи зголемувања на блокот-дотации во општините, министерката рече дека ќе има нови вработувања на наставнички кадар во основните и средните школи. Според неа, долг што се таложел 10 години, не може да се врати за една година, но МОН ќе прави обиди да го одложи плаќањето.

На новинарско прашање дали МОН презема нешто околу наводниот недостиг на учебници по општество и англиски јазик во прво одделение, Дескоска одговори дека нема таква информација и дека можеби станува збор за индивидуални случаи.

– Во одредени училишта лоциравме директори кои не доставиле соодветна нарачка за учебниците. Некаде недостасуваат учебници кои не се преведувани до сега. Јас не можам во периодот од стапување на должност да напишам учебник и да го преведам на јазик на етничките заедници - нагласи Дескоска на прес-конференцијата на која претходни го образложи Предлог- буџетот за образование во 2018 година.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Во сообраќајка повредени две малолетнички

Кај едното девојче биле констатирани тешки телесни повреди и била задржана на понатамошно лекување.

Струмичанец во притвор, се обидел да силува две девојки

На 1 декември околу полноќ на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К...

Мајка пријавила дека нејзиното момче ја силувало ќерката

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Бошкоски: Изгледа, Груевски продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев?, додаде Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест пред Министерството за правда

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани, вели ВМРО - ДПМНЕ.

НАЈЧИТАНИ