• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 74
Александар Самарџиски11:43 07 декември 2017 ● Прочитано 5655

Тактиката да се бара снимање на судењата продолжи и на денешното рочиште во предметот за шамарите во Центар. 

Судот обезбеди денешното рочиште да се снима и тоа со две камери, меѓутоа сега адвокатите на обвинетите побараа судијката Татјана Михајлова да ги повика странките да ги потпишаат записниците од претходните рочишта кои не се снимени со камера туку се водени компјутерски на писмено. 

Адвокатот Димитар Дангов рече дека ако странките не ги потпишаат записниците од претходните рочишта тогаш нема основ да се продолжи судењето бидејќи нема валидни записници.

Ваквото барање следува откако веќе се одржаа неколку рочиштата, а беа донесени и две правосилни пресуди за советниците од ВМРО-ДПМНЕ кои ја признаа вината.

Во расправата на одбраната со судот, судијката Татјана Михајлова им посочи дека снимањето е овозможено од 1 декември 2013 година, но условите се такви и судот четири години работи на ваков начин, во записниците се внесува де и се носат пресуди. Судијката го одби барањето и не им даде повеќе збор на адвокатите, како што рече, доволно толерирала.

Со тоа продолжи главната расправа со испрашување сведоци. Екс градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски влезе во судница и во моментот одговараа на прашањата на обвинителката Фатиме Фетаи. 
Никола Груевски, првообвинет во случајот, овој пат не доцнеше откако тоа се случи на минатите рочишта кога Фетаи реагираше и бараше судот да преземе мерки бидејќи не покажува елементарна почит кон судот.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Мисовски со аплауз седна во столчето на Џафери

Мисовски е првиот потпретседател во актуелниот собраниски сотав кој претседава со пленарна седница.

Во Велес ќе има две нови јавни претпријатија, за гас и за паркинзи

Коцевски најави и набавка на две нови возила за комунален отпад во високите стрмни делови од градот со тесни улички.

Заев: Максимална казна - јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

Ова монструозно нешто што му се случи на девојчето не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.

Шекеринска: Само со европско однесување на Балканот ќе дојдеме до резултати

Министерката за Дојче Веле вели дека Македонија е фокусирана на реформите, а членството во НАТО и ЕУ се можност за стабилен регион и економски развој.

Тунтев 10 години сонувал премиер како Зоран Заев

Тунтев 16 минути од собраниската говорница му се обраќаше на Заев со цитати од Мартин Лутер Кинг и со пофалби до премиерот.

НАЈЧИТАНИ