• 26 февруари 2018
  • Вести денес: 0
Плусинфо12:20 07 декември 2017 ● Прочитано 7523

Бесплатна електронска верзија на Правописот на македонскиот јазик од денеска е поставена на www.pravopis.mk - потстраница на НУБ „Св. Климент Охридски“ и е достапна за сите за користење и симнување.

Веста ја соопшти министерот за култура Роберт Алаѓозовски во обраќањето по повод патронатот на Националната и универзитетска библиотека, нагласувајќи дека тоа е одлука на Владата на Република Македонија и Министеството за култура која ја соопштуваат по повод денот на просветителот св. Климент Охридски.

Печатеното издание на новиот, дополнет и осовременет Правопис на македонскиот јазик, Институтот „Крсте Мисирков“ го промовираше минатата година, а оваа година објави и второ издание.

Достапнот електронскиот Правопис, кој е поставен во соработка со НУБ „Св. Климент Охриски“ и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, ќе биде нова алатка за граѓаните на Република Македонија, со која, рече Алаѓозовски, тие ќе ги унапредуваат своите знаења за користење на стандардниот македонски јазик.

- Сметам дека оваа вест претставува голема радост за сите Македонци, не само во нашата земја, затоа што со неа добиваме одличен и практичен инструмент за унапредување на нашите јазични познавања и за подобра употреба на македонскиот јазик во јавните објави и во јавната комуникација - рече Алаѓозовски.

Тој додаде дека ова е само еден од многуте чекори што ќе ги преземе Владата на РМ за заштита и унапредвање на употребата на македонскиот јазик, потсетувајќи на неодамна објавените 11 предлог-мерки со кои, рече, ќе ги развиваат механизмите, институциите и можностите за македонскиот јазик и литература во повеќе сфери.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Европска премиера на филмот Бикини Мун на Милчо Манчевски на ФЕСТ во Белград

Филмот е сниман во Њујорк на вистински локации каде Манчевски живее последниве 30 години.

И Музејот на ВМРО ќе оди на ревизија

Алаѓозовски ги отфрли обвинувањата дека отстранувањето на споменикот на Ќосето е направено согласно договорот со Бугарија.

Алаѓозовски: Најголем дел од спорните ситуации со Годишната програма се разрешени ВИДЕО

Министерот за култура најави дека исчистена е депонијата и дека почнува целосна ревитализација на Скопскиот аквадукт.

Беса: И во реформската Влада некој интервенирал за дискриминација на албанската култура

Беса смета дека се потврдуваат нивните предупредувања дека не може да има реформаторска влада со криминогени елементи наследени од претходната.

Изработен извештајот за спроведување на препораките на УНЕСКО за Охрид

Извештајот е изработен согласно одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО.

НАЈЧИТАНИ