• 15 декември 2017
  • Вести денес: 112
МИА12:24 07 декември 2017 ● Прочитано 1855

Македонија сака да учествува во сите регионални проекти и може да биде транспортен центар на Балканот зашто преку неа поминуваат два важни коридора, 8 и 10, истакна македонскиот премиер Зоран Заев на меѓународната конференција „Посилна регионална интеграција на Балканот“, што се одржува во Софија.

Заев посочи дека преку Македонија со Коридорот 8 се поврзуваат Црното и Јадранското Море, односно Бугарија и Албанија, а со Коридорот 10 Грција и Централна Европа. Заев очекува соработката во регионот и неговото приближување кон ЕУ да биде уште повеќе забрзано за време на претстојното претседавање на Бугарија со Унијата.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој ја отвори конференцијата, повика на поголемо единство на земјите од регионот што, според него, ќе ја забрза неговата евроинтеграција.

- Имаме ретка шанса да ги убедиме колегите во Брисел дека ние носиме и мудрост, а не само проблеми. Историјата си е историја и има кој да ја коментира. ЕУ ќе не разбере само ако ние покажеме единство. Европа си има доволно проблеми со Брегзит и не и се потребни нови. Ние треба да настапиме пред Брисел со добри инфраструктурни проекти, со коридорите 8 и 10 и со проекти за дигитална инфраструктура, изјави Борисов.

Главниот извршен директор на Светска банка Кристалина Георгиева најави дека Банката е подготвена да издвои 200 милиони долари за проекти за развој на трговијата и транспортот на Балканот. Истакна дека има огромен потенцијал во интеграцијата на земјите од регионот што може да почне да се покажува уште со претстојното бугарско претседавање со ЕУ.

Светска банка, како што наведе, ќе се фокусира посериозно на транспортниот и на ИТ- секторот во регионот.

Албанскиот премиер Еди Рама рече дека до само пред три години европските надежи на Тирана изгледале невозможни. Тој го нагласи напредокот во соработката меѓу земјите во регионот што доведува до помирување и насочување на земјите кон иднината, а не кон минатото. Албанија, истакна Рама, е охрабрена од тоа што Србија и Црна Гора веќе водат преговори за членство во ЕУ, а очекува во тој процес наскоро да влезат и Скопје и Тирана. Најавените проекти предвидени со Берлинскиот процес, албанскиот премиер очекува да станат реалност, а не да останат само празни ветувања.

Српската премиерка Ана Брбнабиќ истакна дека Белград е насочен кон соработка со земјите во регионот. Нагласи дека Србија ќе биде активен и силен партнер во сите инфраструктурни проекти во Западен Балкан. Како приоритет за Србија го посочи завршувањето на Коридорот 10. Брнабиќ истакна и дека Белград очекува многу брзо Македонија и Албанија да ги почнат преговорите за членство во ЕУ бидејќи тоа го заслужуваат.

На конференцијата во Софија се разговара за гранични олеснувања во регионот, за интензивирање на трговијата, како и за регионални ИТ и технолошки кластери, а учествуваат и претседателите на Црна Гора и на Косово, Филип Вујановиќ и Хашим Тачи, вицпремиерот и министер за трговија на БиХ Мирко Шаровиќ, како еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тунтев: Ќе го донесеме буџетот и без опозицијата

Ако нема дебата на седница, нонсенс е да се држат пет дена или онолку колку што максимално дозволува Деловникот за работа, рече Тунтев.

Уљукаев осуден на осум години затвор

Судот побара од него и плаќање парична казна од 2,2 милиона долари.

Најголемата бруто плата лани во Македонија била 225.000 евра месечно

Највисок годишен бруто приход само по основ на пензија е пријавен во Скопје, и тоа 29.899 евра.

Попова Шапка ги чека Владата и снегот за старт на сезоната

Судбината на поголем број туристички капацитети со кои управува ЕЛЕМ ТУРС ќе се знае наредната недела.

Хрватска и Бугарија имаат најлош стандард во ЕУ

Хрватска и Бугарија се единствените членки на ЕУ каде што куповната моќ на граѓаните е за 40 отсто пониска од просечната куповна моќ во ЕУ.

НАЈЧИТАНИ