• 17 декември 2017
  • Вести денес: 26
Плусинфо13:46 07 декември 2017 ● Прочитано 420

Две групи малолетници вчера се степале во Скопје по претходна расправија на социјалните мрежи.

Од полицијата информираат дека вчера околу 10 часот било пријавено дека на улицата Коста Абрашевиќ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две групи малолетници.

Од една страна биле 11 малолетници на возраст од 13 до 15 години (девет биле ученици од основното училиште „Лирија“, а двајца од средното училиште „Арсение Јовков“), а од друга страна биле 17 малолетници, исто така, на возраст од 13 до 15 години, сите ученици од основното училиште „7-ми Март“.

„Во тепачката двете групи си размениле удари со тупаници и клоци, а потоа фрлале со камења едни кон други, од што било оштетено едно приватно возило „венто“ со скопски регистарски ознаки. До нарушувањето дошло поради меѓусебно нетрпение и расправија на двете групи на социјалните мрежи. Тие се сретнале на местото по претходен договор“, информира МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Струмичанец во притвор, се обидел да силува две девојки

На 1 декември околу полноќ на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К...

Мајка пријавила дека нејзиното момче ја силувало ќерката

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Бошкоски: Изгледа, Груевски продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев?, додаде Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест пред Министерството за правда

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани, вели ВМРО - ДПМНЕ.

Општина Битола го слави Свети Нектариј Битолски- заштитникот на градот

Прославата посветена на патронот почна во утринските часови, во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.

НАЈЧИТАНИ