• 17 декември 2017
  • Вести денес: 26
Плусинфо13:56 07 декември 2017 ● Прочитано 455

Европската комисија денеска ја предупреди Велика Британија дека рокот за постигнување напредок во затворањето на првата фаза од преговорите за излегување за земјата од ЕУ истекува в недела на полноќ.

Портпаролот на ЕУ, Маргаритис Схинас изјави дека Комисијата е подготвена да се сретне со британската премиерка Тереза Меј во секој момент во текот на неделава, но најдоцна до недела на полноќ.

Главно отворено прашање во претворите е идниот статус на границата меѓу Република Ирска и британската покраина Северна Ирска, а потоа и идните трговски односи кога Велика Британија ќе биде надвор од ЕУ, статусот на државјаните на членките на Унијата во земјата и на Британците во блокот, како и сумата што Лондон треба да му ја плати на Брисел во рамки на преземените идни обврски.

Според Схинас, во секој случај крајниот рок за договор нема да биде продолжен во тркот на следната недела.

- Претседателот на Комисијата Жан-Клод Јункер е роден оптимист. Тоа секогаш му помагаше во политичката кариера, но во овој случај неопходни се две страни за договор - изјави Схинас.

Доколку Брисел и Лондон не успеат да постигнат договор, тогаш е можно британско напуштање на Унијата без договорени натамошни односи.

Овој развој на настаните би можел да предизвика потреси на меѓународните пазари, бидејќи компаниите кои тргуваат меѓу Велика Британија и ЕУ нема да бидат сигурни кој ќе биде нивниот иден статус по Брегзитот. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Тројца астронаути полетаа кон Меѓународната вселенска станица

Екипажот постепено ќе пристапи кон станицата, која орбитрира на околу 400 километри над Земјата.

Бомбашки напад врз црква во Пакистан

Во провинцијата Балучистан, на границата со Авганистан и со Иран, често има меѓуверски насилства, напади од исламистичките милитанти...

Анита Хил ќе раководи со Комисијата за истражување на сексуалното злоставување во Холивуд

Комисијата ќе бара сеопфатно решение на проблемот со сексуалното злоставување, а треба да почне со работа следната година.

Советот за безбедност можно е да ја укине одлуката на Трамп за Ерусалим

Британската агенција вели дека дипломатите тврдат дека нацртот има поширока поддршка, но дека Вашингтон најверојатно ќе стави вето на текстот.

Австралијанец уапсен поради продажба на делови за севернокорејски ракети

Чан е прв човек што Австралија го обвинува по уредбата за оружје за масовно уништување и може да биде осуден на 10 години затвор.

НАЈЧИТАНИ