• 17 декември 2017
  • Вести денес: 26
МИА13:51 07 декември 2017 ● Прочитано 2968

Полицијата поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во радовишката Територијална противпожарна единица (ТППЕ), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“.

Според пријавата, Г.К. во една од просториите на ТППЕ неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и за забавните игри.

„На 20 октомври годинава при увид во документацијата и преглед на определени службени простори на ТППЕ Радовиш, во една од службените простории бил забележан апарат за забавни игри со натпис, кој што се става во погон со пари, жетони или на друг начин. За констатираното бил известен Јавен обвинител, а апаратот бил одземен“, информира МВР:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Струмичанец во притвор, се обидел да силува две девојки

На 1 декември околу полноќ на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К...

Мајка пријавила дека нејзиното момче ја силувало ќерката

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Бошкоски: Изгледа, Груевски продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев?, додаде Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест пред Министерството за правда

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани, вели ВМРО - ДПМНЕ.

Општина Битола го слави Свети Нектариј Битолски- заштитникот на градот

Прославата посветена на патронот почна во утринските часови, во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.

НАЈЧИТАНИ