• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА14:07 07 декември 2017 ● Прочитано 2429

Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ денеска го одбележа патронатот со повеќе активности. На настанот беа доделени традиционалните награди за вработените во библиотеката, делегации од Владата положија цвеќе пред споменикот на св. Климент во дворот на НУБ, а пригодно се обратија и министерот за култура Роберт Алаѓозовски и в.д. директорката на НУБ Сенка Наумовска.

Министерот истакна дека богатата библиотекарска традиција на нашите простори, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, е темелот врз кој НУБ се гради и ја развива својата дејност.

- Од библиотечниот фонд кој во 1944 година изнесувал околу 150.000 библиотечни единици, НУБ постојано се развиваше и ги надградуваше своите капацитети. Библиотеката денес е водечки извор на материјали во истражувачката дејност, депозитна библиотка и една од предводниците во дигитализацијата на книжното богатство на земјава, со фонд на изданија што содржи над три милиони единици - рече Алаѓозовски, додавајќи дека НУБ е столбот на македонскиот идентитет и е продолжување на мисијата на свети Климент.

Покрај денот на св. Климент кој е патрон на НУБ и 73 години од нејзиното основање, библиотеката денеска одбележа и 50 години од поставувањето на камен-темелникот на објектот во кој е сместена односно 45 години од вселувањето.

- Сега сме веќе во фаза кога треба да се реконструира, но тогаш самото поставување и влегување во овој објект значело и нови темели на современото библиотекарство во Македонија - изјави в.д. директорката Сенка Наумовска.

Според неа, просторните услови веќе не се задоволувачки, а доградениот (стаклен) дел кој беше отворен пред неколку години, рече, не се во состојба да го користат максимално зашто не е решен проблемот со греењето.

НУБ работи на дигитализација на значајни збирки од нејзините фондови и кон тоа, рече Наумовска, ќе биде фокусирана во наредните години затоа што дигитализацијата е иднината на библиотекарството. Се дигитализираат ретки книги и стари ракописи, филмотечниот материјал, збирката ориентални ракописи...

Патронатот на НУБ беше одбележан и со омаж за 110 години од раѓањето на еден од нејзините најдолгогодишни директори, Митко Зафировски, кој ја раководел институцијата од 1951 до 1973 година. Сеќевања за него раскажа Светлана Марковиќ, поранешен библиотекар во универзитетската библиотека. Беше отворена и изложба „Ликот на св.Климент низ современата уметничка призма“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Годишен концерт на КУД „8 Октомври“ од Крива Паланка

Гости на вечерта беа играорците од КУД „Младост“ од Ковин, Србија.

Поранешната директорка на Завод и музеј од Охрид го оштетила буџетот за 120 илјади евра

Бунташеска, која не постапила согласно судска одлука од декември 2009 година за отстранување ѕид зад Куќата на Уранија во Охрид доби и кривична.

Изложба на Јана Куновска во Гостивар

Изложбата со наслов „Фантазмагорија“ содржи десетина дела во голем формат, работени во мешана техника масло на платно и јаглен.

Маша и Медо денеска во Скопје

Најмладата публика ќе може во живо да ги види своите омилени јунаци, а руската актерска екипа специјално по овој повод доаѓа во Македонија.

Завршува филмскиот фестивал за монтажа „Синематик“

Фестивалот го организира Асоцијацијата на филмски професионалци и ТВ-соработници на Македонија со поддршка од Агенцијата за филм.

НАЈЧИТАНИ