• 17 декември 2017
  • Вести денес: 26
МИА15:06 07 декември 2017 ● Прочитано 216

Речиси половина од средните училишта немаат пристапна влезна рампа на влезот, а осум училишта кои имаат ученици со попреченост се потполно физички непристапни. Пристапни тоалети има во 13 проценти од училиштата, а внатрешен лифт за движење меѓу спратовите има само во две училишта, истражувањето на Народниот правобранител за вклученоста на децата и младите со посебни потреби во средното образование.

Истражувањето покажува и дека 74 училишта не располагаат пристапни (приспособени) педагошко-дидактички помагала и наставни средства, иако во 45 од нив има ученици со попреченост. Само 12 училишта, или 13,2 проценти располагаат со вакви помагала и нагледни средства. Во повеќе од половина од вкупниот број средни училишта нема вработено дефектолог.

Извештајот од ова истражување беше презентиран во средното училиште „Браќа Миладиновци“ во Скопје по повод Меѓународниот ден на човекови права.

Народниот правобранител Иџет Мемети на презентацијата на Извештајот истакна дека образованието, такво како што е во моментот повеќе е обид за интеграција отколку инклузија на децата со попреченост, а законите кои ја уредуваат оваа материја не ја препознаваат попреченоста како основ за дискриминација.

Отсуствуваат прилагодени и соодветно опремени училишта со потребните ресурси (материјални, технички, кадровски) за непречено остварување на правото на образование на децата со попреченост во редовното образование. Загрижува, вели тој, и неприфаќањето на учениците од страна на оние кои се без попреченост, мислењето на возрасните, особено на наставниот кадар дека местото на децата со попреченост е во посебните, а не во редовните училишта.

- Правата на децата и лицата со попреченост се човекови права, а образованието е едно од најважните сегменти кои треба да претрпат промени, во насока на ефикасно, пристапно и достапно право за сите деца со попреченост - рече Мемети.

Извештајот е изготвен врз база на податоците од анкетните прашалници доставени до сите средни училишта во Македонија, како и од спроведената анализа на законската регулатива.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Струмичанец во притвор, се обидел да силува две девојки

На 1 декември околу полноќ на ул.„Гоце Делчев“, пред влезот на ЈП „Македонски пошти“, пријавениот ги нападнал лицата Ѓ.С и Т.К...

Мајка пријавила дека нејзиното момче ја силувало ќерката

А.Х. бил лишен од слобода и по целосно документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава.

Бошкоски: Изгледа, Груевски продаде четири стана за мојата одбрана во Хаг

Што треба јас да бидам? Зарем требаше да бидам нивен полтрон и слуга зашто бранејќи ја Македонија заминав таму каде што бев?, додаде Бошкоски.

ВМРО-ДПМНЕ попладне на протест пред Министерството за правда

Правната држава ќе биде вратена, а сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани, вели ВМРО - ДПМНЕ.

Општина Битола го слави Свети Нектариј Битолски- заштитникот на градот

Прославата посветена на патронот почна во утринските часови, во Храмот Свети Великомаченик Димитриј.

НАЈЧИТАНИ