• 17 декември 2017
  • Вести денес: 26
МИА15:19 07 декември 2017 ● Прочитано 1201

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК бара веднаш да се усогласат платите во основното и средното образование, согласно процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво.

„ Така ќе се задржи распонот на коефициентите, поточно на плати по работни места, како што е предвидено во колективните договори во овие дејности. Со самото тоа ќе се одбегне сегашното кршење на колективните договори од страна на МОН, претставувано од министерот за образование, што претставува дејствие казниво со закон“, соопшти СОНК реагирајќи на денешната прес-конференција на министерката Рената Дескоска која најави зголемување на платите на наставниците во основните и во средните училишта.

Во соопштението СОНК го повика МОН веднаш да почне преговори со нив за дополнителното зголемување на платите во сите сфери на образованието, вклучувајќи ги и високото образование и науката, како и за други прашања поврзани со реформите во образованието, измените и носењето нови закони во дејноста образование, изготвување и склучување колективни договори за високото образование и наука... 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вредноста на биткоинтот првпат над 19.000 долари

На крајот на ноември вредноста на биткоинтот првпат се искачи над 10.000 долари и оттогаш е во постојан раст.

Турција годинава ја посетиле 30 милиони странски туристи

Во 2017 година во Турција најмногу туристи пристигнале од Русија

Финансиска полиција го тресе штипското комунално „Исар“

Досегашните проверки на јавните набавки во скоро сите работни единици има сомнение дека прекумерно се трошеле пари.

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ го зголемија кредитниот рејтинг на Србија

Оценка на „Fitch Ratings“ за кредитниот рејтинг на Србија се должи на унапредувањето на јавните финасии кои се подржани и од фискалниот резултат.

Фејсбук призна дека може негативно да влијае врз луѓето

Фејсбук е мета на критики бидејќи на моделот на рекламирање адаптирано на тие кои поминуваат најмногу време на Фејсбук, заработи 28 милијарди долари.

НАЈЧИТАНИ