• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
МИА15:37 07 декември 2017 ● Прочитано 1358

Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од годинава изнесува 0,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал годинава најголем пораст од 9,8 отсто е забележан во секторите: трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, транспорт и складирање, објекти за сместување и сервисни дејности, како и во земјоделство, шумарство и рибарство за 3,8 отсто и дејности во врска со недвижен имот од 0,9 отсто.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од годинава номинално расте за пет проценти, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65,5отсто.

Во истиот период, наведува статистика, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9,8 отсто, а увозот на стоки и на услуги
забележа зголемување во номинален износ од 5 отсто. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Вредноста на биткоинтот првпат над 19.000 долари

На крајот на ноември вредноста на биткоинтот првпат се искачи над 10.000 долари и оттогаш е во постојан раст.

Турција годинава ја посетиле 30 милиони странски туристи

Во 2017 година во Турција најмногу туристи пристигнале од Русија

Финансиска полиција го тресе штипското комунално „Исар“

Досегашните проверки на јавните набавки во скоро сите работни единици има сомнение дека прекумерно се трошеле пари.

„Фич“ и „Стандард и Пурс“ го зголемија кредитниот рејтинг на Србија

Оценка на „Fitch Ratings“ за кредитниот рејтинг на Србија се должи на унапредувањето на јавните финасии кои се подржани и од фискалниот резултат.

Фејсбук призна дека може негативно да влијае врз луѓето

Фејсбук е мета на критики бидејќи на моделот на рекламирање адаптирано на тие кои поминуваат најмногу време на Фејсбук, заработи 28 милијарди долари.

НАЈЧИТАНИ