• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо16:14 07 декември 2017 ● Прочитано 1661

Во деновите од претстојниот продолжен викенд (08, 09 и 10 декември 2017 година) граѓаните ќе ја имаат можноста со автобус да се искачат до Средно Водно и да се рекреираат на чист воздух. На рекреативците на располагање им се двете нови пробни автобуски линии 25А и 25Б, како и постојната линија со број 25, коишто за време на викендите и државните празници се бесплатни.

Градот Скопје почнувајќи од 25 ноември 2017 година воведе забрана за движење возила на патот до Средно Водно, која важи секој викенд и за време на државните празници. Оваа забрана важи во еден правец, од клучката за Сопиште до Средно Водно и од паркингот кај манастирот „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно.

За да им излезе во пресрет на граѓаните што сакаат да се рекреираат на Водно Градот Скопје воведе две нови пробни автобуски линии што сообраќаат по принципот на шатл-линии, односно, автобусите се полнат со патници на почетната станица и возат без застанување до Средно Водно.

Така, пробната линија со број 25А сообраќа на релација Автомакедонија (Стара железничка станица) – Средно Водно, по следнава траса: улица Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно.
За линијата број 25A важи следниот возен ред:

Автомакедонија (Стара железничка станица) Средно Водно

09:00 09:30
09:30 10:00
10:00 10:30
10:30 11:00
11:00 11:30
11:30 12:00
12:00 12:30
12:30 13:00
13:00 13:30
13:30 14:00
14:00 14:30
14:30 15:00
15:00 15:30
15:30 16:00

Пробната линија со број 25Б сообраќа на релацијата Дом на печат – Средно Водно, по следнава траса: улица Свети Кирил и Методиј; булевар Мајка Тереза и обратно. За пробната линија 25Б ќе важи следниот возен ред:

Дом на печат Средно Водно

09:15 09:45
09:45 10:15
10:15 10:45
10:45 11:15
11:15 11:45
11:45 12:15
12:15 12:45
12:45 13:15
13:15 13:45
13:45 14:15
14:15 14:45
14:45 15:15
15:15 15:45

Возењето на трите автобуски линии (25, 25А и 25Б) на почетокот ќе биде бесплатно. Градот Скопје обезбеди и бесплатно паркирање во катната гаража на улицата Свети Кирил и Методиј и на паркингот кај Цветен пазар (Дом на печат).

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека од 9 до 16 часот е забрането движењето со возила до Средно Водно и дека непочитувањето на оваа забрана ќе се казнува според Законот за безбедност на патишта на Република Македонија, според кој висината на казната изнесува 45 евра во денарска противвредност.

Забраната за движење моторни возила до Средно Водно нема да се однесува на автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), возилата на полицијата, противпожарната бригада, итната медицинска помош, возилата на штабовите за итни интервенции, како и на возилата со посебни одобренија. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Без струја утре дел од жителите на Ѓорче, Карпош и Центар

Исклучувањето е поради закажани технички зафати на ЕВН Македонија во дистрибутивната електро мрежа.

Граѓаните побараа власта да се справи со загадувањето

Протестот беше организиран преку социјалните мрежи под мото „Станете за чист воздух“.

Младите либералдемократи понудија решенија за загадувањето

Од ЛИДЕМ сметаат дека децениските погрешни политики направија Македонија и Скопје да бидат најзагадени.

Скопјани на протест против загаденоста

Протестот е најавен преку Фејсбук под мотото „Станете за чист воздух“.

Општина Карпош донесе итни мерки за намалување на загадувањето

Градоначалникот Богоев апелираше компаниите да донираат пречистувачи за воздух и маски за граѓаните.

НАЈЧИТАНИ