• 22 февруари 2018
  • Вести денес: 75
Плусинфо17:08 07 декември 2017 ● Прочитано 3301

Отворената предистражна постапка „по допрен глас“ за интервјуто на Вук Јеремиќ е уште еден доказ дека во Македонија нема правен систем и правда која е подеднаква за сите, туку партиско политички прогон нарачан од Заев и неговата хунта, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев пред неколку месеци најави дека функционери од власта се предмет на истрага, но јавноста уште нема информација кој му ги соопштил тие сознанија на Заев, а органите на прогон кријат за кои случаи станува збор. Странски државјанин излезе со јавно обвинување дека в.д. директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија го рекетирал „Јадран филм“, но постапка околу овој случај не беше покрената по јавно допрен глас“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму наведуваат дека по јавно допрен глас не беше покрената ниту постапка за бројните сведочења за изборното насилство и сите закани кои беа упатувани кон гласачите.

„Не беше покрената постапка кога насилници влегуваа со пиштоли или кога отворено се говореше дека криминалци под команда на СДС делат поткуп низ државата. Не беше јавно соопштено ниту дали се отвора предистражна постапка за криминалот на Заеви со „Цареви кули“ или криминалот поврзан со ‘Тритерол’“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека очекуваат што е можно побргу Јавното обвинителство да излезе со информација за оваа предистражна постапка за да може потоа да се процесуира случајот и против Вук Јеремиќ и против сите медиуми блиски до СДС кои ја злоупотребуваат оваа изјава заради нарушување на честа и угледот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Владата ќе помогне во бесплатното болничко лекување на најсиромашните

Убеден сум дека Парламентот би дал поддршка на вакви решенија кои ќе го олеснат животот на сиромашните граѓани, рече премиерот.

Мисовски со аплауз седна во столчето на Џафери

Мисовски е првиот потпретседател во актуелниот собраниски сотав кој претседава со пленарна седница.

Во Велес ќе има две нови јавни претпријатија, за гас и за паркинзи

Коцевски најави и набавка на две нови возила за комунален отпад во високите стрмни делови од градот со тесни улички.

Заев: Максимална казна - јасна порака за случајот со девојчето од Домот „25 мај“

Ова монструозно нешто што му се случи на девојчето не треба да му се случи на ниту едно дете без разлика дали е во домовите или со своите семејства.

Шекеринска: Само со европско однесување на Балканот ќе дојдеме до резултати

Министерката за Дојче Веле вели дека Македонија е фокусирана на реформите, а членството во НАТО и ЕУ се можност за стабилен регион и економски развој.

НАЈЧИТАНИ