• 17 декември 2017
  • Вести денес: 27
Плусинфо21:02 07 декември 2017 ● Прочитано 2728

Ова не е за Истокот и Западот, ниту за Русија, која на Србија и Европа ќе им биде потпора кога ќе стане демократска, а тоа нема да се случи наскоро.

Светот е премногу комплексен за да се дели според обрасците на Студената војна, која никогаш нема да се повтори. Можеби ниту Источна Европа нема да се врати таму од каде што избега едвај, иако покажува симптоми на ремисија. Не сме се вакцинирале сите, пишува Никола Самарџиќ за Данас

Новата поделба на светот се совпаѓа со исходот од половина милениум протестантизам. Реформацијата е еден од модернизаци
ските текови која не ги опфати само промените во христијанството. Протестантската етика го истакнува индивидуализмот и личната одговорност, посветеност кон работата и промените, и претставува универзален став што го движи светот таму каде што се одвива вистинската динамика на преобразбата. Капитализмот на четвртата технолошка револуција, навредливо наречен неолиберализам, е едниот пол на се посложената глобална реалност, и понекогаш се поистоветува со протестантизмот. Критиките на капитализмот предупредуваат на растечките социјални разлики и грабливата природа на транснационалниот капитал, и повикуваат на враќање на редистрибуцијата и национализмот, на тие системски неслободи кои би требало да се закопани во тоталитарното минато.
 
До
создавањето на ЕУ и отворањето на глобалниот пазар, сите успешни, богати и слободни држави беа претежно протестантски (со Франција, Јапонија или Баварија). Тие и понатаму се најатрактивните имигрантски дестинации. Инаку поделен на безброј деноминации и секти, протестантизмот е инклузивен во таа смисла што максимите за работната етика, индивидуализмот, слободата и владеењето на правото станаа општи вредности кои тој ги генерираше во процесот на политички и општествени промени опфатени во верската револуција и нејзините секташки исходи.

Протестантизмот
со капитализмот се запати и во Србија. Првите фази на преобразбата (некогаш тоа биле најмалку два века), се груби и насилни. Капиталистите и работниците станаа меѓузависна интересовна група која создава економска супстанција, и едни за други се повнимателно ќе почнат да водат сметка, а нивниот заеднички политички противник ќе стане „средната“ или „граѓанската“ класа која „пропаѓа“, која „исчезнува. Тоа е она за што се дига голема врева кај нас.

Во Каталонија беше компромитиран државниот удар на размазените провинцијални бирократи и студентската популација отруена со редистрибутивенниот национализам и предавничкото, асанжово левичарење. Веројатно не поминаа“.

 Фашизмот на 21 век не е само политичка религија, злоќудни се корените на граѓанското левичарење и десничарскиот популистички утопијанизам.

Го имавме сето тоа во Србија во кохортите околу Коштуница и Тадиќ, а фактот дека тие сега спаднаа на Јеремиќ и Јанковиќ сведочи за трендот на регресија на идеите и интереси кои потекнуваат од буџетските привилегии и практиката на пљачкање и на капиталистите и на работниците. А тие се виталниот покренувач на општествените промени, би требало да се добредојдени и странците и капиталистите и работниците, и затоа е извесна нивната потенцијална взаемност, додека чаршијата (килава и јалова) секогаш ја гризеше раката која ја храни. И затоа е актуелниот политичко-партиски систем непрецизен и грд, и затоа изборите повторно ќе бидат унилатерални и лични, и затоа веќе нема да се повтори 5 октомври.

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Или си Тито или не си: 2019 е преломна и за Србија и за регионот

До 2019 БиХ би требало да добие статус на кандидат, а Македонија би можела да започне со преговорите за членство во ЕУ.

Внука на Тито тврди дека нејзиниот дедо ѝ го дал името на Македонија

Терминот „Македонија“ секогаш се користел за поширока географска област, од која приближно 51% е дел од Грција, 38% од ПЈРМ и 9% од Бугарија.

Саем за вино во Солун - Вино не се меша со политика

На саемската манифестација имаше околу 140 учесници производители и трговци, но немаше претставници од Македонија.

Антисемитски графит покрена војна со зборови меѓу Русија и Бугарија

Русија под бугарски оган откако изјави дека е заслужна за спасување на бугарските Евреи од холокаустот во Втората светска војна.

Вистинска приказна за најсмртоносниот снајперист во историјата

Симо Хајха е пример за снајперистите од целиот свет кој го покажа и нивното значење на бојното поле.

НАЈЧИТАНИ