• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо10:16 26 декември 2017 ● Прочитано 14499

Која е највисоката платена работа во воздушниот сообраќај? Оливер Смит уредник во Телеграф разговараше со пилоти, ракувачите со багаж и други службеници за да дознае колку изнесува нивната заработувачка.

Контролор на воздушен сообраќај - 91.000 фунти

Многумина од нас претпоставуваат дека пилот во авиокомпанија е една од најпрофитабилните професии, но според веб-страницата Career Cast, контролорите на летање земаат поголем плати од нив. Всушност, тоа е една од 10-те најплатени работни места на планетата, според рангирањето во 2017 година, објавено овој месец - само здравствените работници и нафтните инженери заработуваат повеќе.

Топ 10 највисоки платени работни места во 2017

Професија           просечна годишна заработувачка    промена во проценти

Хирург                                               409,665 долари                          +17%
Психијатар                                        194,740                                       +13%
Лекар од општа пракса                    190,490                                       +16%
Извршен директор                            181,210                                       -3%
Стоматолог                                        153,900                                       +17%
Инженер во нафтна компанија        128,230                                        +15%
Подиатрист                                        124,830                                       +10%
Контролор на воздушен сообраќај   122,410                                       +3%
Фармацевт                                          122.230 долари                          +6%

Career Cast наведува дека просечната плата на контролор на летање е 122.410 долари, или околу 91.000 фунти. Оваа бројка одговара на податокот што британските контролори за летање ги дадоа како податок на Телеграф Травел.
„Заработувачката варира во зависност од тоа дали сте во контролната кула или на клучна позиција на еден од главните аеродроми во Лондон“.

Со оглед на тоа што работата е синоним за притисок, и еден погрешен потег може да биде фатален, ова изгледа прилично фер. Но, контролорите на летање со кои зборувавме, го минимизираат стресот како фактор.

- Тоа е дефинитивно работа која ве држи концентриран, и не можете да си дозволите да не бидете внимателен. Но, тоа не е стресно - изјави Карлос Бенето Тарнер, кој работи на Хитроу.

„Луѓето секогаш се изненадени кога ќе влезат во кулата и ќе видат колку е мирно. Тие го замислуваат ова како навистина бурно место каде што луѓето викаат и фрлаат работи еден на друг. Тоа е слика која се одржува со години. Но, тоа е спокоен простор“.

Значи, ништо не е како во филмот „Pushing Tin“, комедија/драмата во која глумат Џон Кусак и Били Боб Торнтон?

- Тоа е забавен филм - но јас отсекогаш мислев дека сликата што се прикажува е невистинита - вели Тарнер. „Мислам дека тоа веројатно ги одвраќа потенцијалните кандидати; луѓе кои инаку би биле добри контролори“.

Едно нешто што не треба да ги одврати е платата од 91.000 фунти.

Пилоти - 79.000 фунти

Значи, колку може да заработи пилот? Career Cast ја дава просечната плата од 105.720 долари (79.000 фунти). Но, тоа не значи дека пилотите не можат да заработат многу повеќе.

Британската асоцијација на авиокомпании (BALPA) минатата година ни кажа дека, додека типичната почетна плата изнесува околу 36.000 фунти, таа може да се искачи до неверојатни 140.000 фунти.

„Почетната плата за капетан во средна авиокомпанија може да се движи од 57.000 фунти до 78.000 фунти“, се вели на британската веб-страница Prospects. „Тие кои работат за големите оператори можат да заработат од 97.000 фунти до повеќе од 140.000 фунти.“

Со оглед на тоа што амбициозните воздухопловци плаќаат 80.000 фунти за школата за летање и дека секојдневно се одговорни за животот на стотици луѓе, сметаме дека платата е разумна.

Стјуардеси - 25,000 фунти

Која е работата на стјуардесите? Тие мора да задржат маска на пријатност додека се соочуваат со непристојни, раздразливи патници, и - според Prospects - заработуваат мал дел од нивните колеги во пилотската кабина.

„Основната плата може многу да се разликува во зависност од авиокомпанијата, бидејќи некои плаќаат подобро од другите, но може да очекувате стартна плата меѓу 12.000 и 14.000 фунти“, се вели во извештајот. „На оваа основна стапка, можете да го додадете плаќањето по час при летањето, како и бонуси по учинок и провизија од продажба за време на летот. Ова може да ја зголеми платата за околу 20.000 фунти до 25.000 фунти годишно“.

- Најблиското семејство има право на бесплатни патувања во целата мрежа на превозникот, со право на лет во бизнис класа ако дозволуваат празните места - вели Патрик Смит, американски пилот и автор на „Кокпит Доверливо“.

„Покрај тоа, реципрочните спогодби меѓу превозниците им дозволуваат на вработените во една авиокомпанија, плус нивните членови на семејството, да летаат со друга авиокомпанија, што се нарекува „ZED тарифа“. Тоа е фантастичен договор. Ако сакам да летам од Бангкок до Сеул со Korean Air или Thai Airways, тоа ќе чини околу 70 долари. Од Њујорк до Амстердам со КЛМ, околу 100 долари“.

Платата на стјуардесот исто така се зголемува со работниот стаж.

Ракувач со багаж - 22,000 фунти

Претходно оваа година разговаравме со Џејмс Колинс, раководител на оперативни работиво Red Handling, Норвешка агенција за ракување со багаж.

„Го напуштив колеџот, па без било какви квалификации и за работа што не бара стручност, ова е прилично добро платено место“, рече тој. „Ќе почнете како управувач со багаж со околу 22.000 фунти, плус прекувремено, но има многу можности за унапредувања. Виш отправник на платформа добива 24.000 фунти, а диспечерите добиваат 25.000 фунти.
Јас почнав како управувач со багаж, потоа станав раководител, диспечер, дистрибутер, надзорник, па менаџер, а сега сум шеф на операции во воздухопловот. Постојат многу начини за зголемување на платата“.

Норвешките ракувачи со багаж, за разлика од повеќето, исто така ги уживаат истите привилегии како и кабинската екипа на авиокомпанијата.

Воздухопловен инженер - 81.000 фунти

Career Cast наведува дека просечната плата на воздухопловен инженер (проектирање и развој на авиони) изнесува 108.234 долари (81.000 фунти). Prospects ги рангира малку пониско. „Со искуство, платите може да се зголемат од 28.000 до 40.000 фунти, во зависност од степенот на стручноста“, се вели во извештајот. „На повисоки нивоа, особено ако стекнете статус, платите може да достигнат од 45,000 до 60,000 + фунти".

Механичар на одржување на авион - 45.000 фунти

Работното место на одржување на авион може да ви донесе заработка од 60.270 долари (45.000 фунти), според Career Cast. Веб-страницата ја рангира како 160-тата најдобра работа од листата од 200 работни места.

А најлошото работно место? Репортер во весник, очигледно, поради лошото работно окружување, големиот стрес, слабите перспективи во иднината и просечната плата од 37.820 долари (28.000 фунти).
 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ