• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА18:08 27 декември 2017 ● Прочитано 12775

Пред неколку децении на претседателската инаугурација Роналд Реган вети големи економско-политички промени во кои тој ќе ја одигра главната улога и чии плодови ќе се користат во секој дом во Америка, како и подалечните земји кои сѐ уште беа под советската чизма.

Неговата политичка филозофија гласеше: ,, Да се свртиме кон слободниот пазар и да ја извлечеме Америка од ноќната мора!“.

Во текстот на Милош Дојчиновиќ за Недељник тој понатаму коментира дека очекувањата биле помпезни, надворешнополитичките околности отелотворени во надоаѓачкиот крај на Студената војна му одле на рака на нискобуџетниот актер, програмата за намалување на државните трошоци и даночната реформа делувале како „Американски сон“.

Точно триесет и шест години подоцна, се поставува прашањето, дали популарно нарекуваната „Реганекономија“ придонесе за општествено-системската преродба на целиот свет?

Одговорот на ова прашање е најдобро илустрирано во признавањето на Фридман дека било грешка што ги советувале земјите во транзиција да ги приватизираат сите свои државни богатства.

Констатацијата на економскиот експерт Милтон Фридман го потврдува фактот дека неолибералниот капитализам, буквално ја киднапираше државата.

Таа е поверодостојно кога ќе се земе во обѕир дека за време на администрацијата на Реган, Америка имаше најголем дефицит во својата историја, околу 6% од БДП.

Ако се знае дека САД уште од создавањето на меѓународната заедница имаше големо влијание врз неа, и дека концептот на неолиберализмот беше прифатен и во водечките земји на Европа.

Стариот континент заплива во системот во кој сѐ е подредено на крупниот капитал и интересите на големите компании. Се поголемата разликата помеѓу вкупниот прилив на странски капитал од неговиот одлив, повеќегодишното поголемо трошење од создадениот БДП, намалување на државната контрола и кредитното задолжување, доведе до бројни проблеми со кои се соочува сегашната Европа.

Како што се кризата на моралот и националниот идентитет, непремостивата класна поделба, дехуманизација на општеството, неможноста на рационално штедење, намалување на правата на работниците и посериозните несакани ефекти како што се миграцијата на населението.
На пример, по влегувањето на Полска во Европската унија, приближно два милиона жители ја напуштија земјата во потрага по работа која ќе им ги реши финансиските проблеми.

Меѓутоа, на земјите кои беа погодени од ненадејната промена на општественото уредување, како што се посткомунистичките држави, им беше наметнат Вашингтонскиот консензус. Односно чин кој претставуваше „прилагодување“ на економските политики според принципот на кредитирање на послушните влади.

На тој начин странските корпорации видоа можност по системот на „долги патеки“, да го акумулираат својот капитал во земјите во развој, искористувајќи ја нивната работна сила.

На овој начин, со фаворизирање на своите инвестиции наспроти производството на земјите во кои инвестираат, индустриски и геостратешки посилните земји ја злоупотребуваа доминантната позиција на слободниот пазар. Инаку главниот инструмент на неолибералниот капитализам.

Некои земји станаа свесни за погубноста на таквата политика, па така Владата на Виктор Орбан се спротивстави на политиката на ММФ воведувајќи повисоки даноци за помоќните претприемачи, со постепено намалување на даноците за помалите.

Ова беше рационална одлука, со оглед на тоа што надворешниот долг на Унгарија по преземањето на власта изнесуваше до осумдесет милијарди евра.

Економски гледано, повеќето европски земји се во должничко ропство. Најпознатиот пример е на Грција чиј надворешен долг се проценува на неверојатни четиристотини милијарди евра.

Исто така, проблемот е и континуираното задолжување и дефицитот, кој секоја претходна влада го оставаше на следната, слично на тоа кога Роналд Реган во последната година од својот мандат ја остави Америка со надворешен долг од 2,85 билиони долари.

Инаку тој беше првиот политичар кој тргна со прогресивната политика на неолибералниот капитализам и пазарната конкуренција.

Така се создаде поредок во кој светската елита е се побогата, а од другата страна, мнозинството од населението е се посиромашно служејќи им на корпоративните интереси.

Во катастрофалната статистика на глобалната економска криза која формално настапи на почетокот на овој век, економските експерти сепак предупредуваа дека на неолиберализмот треба да се гледа, како на комунизмот, како на уште една епоха во историјата на човештвото кој ќе престане, или ќе се трансформира во некој покорисен општествен модел.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ