• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА11:45 28 декември 2017 ● Прочитано 12542

По турбулентната година, „Политико“ состави листа на добитници и губитници во 2017 година.

Победници:

Емануел Макрон

„Макрон-манијата“ ја зафати европската политичка елита во 2017 година, а француските гласачи се приклучија кон тоа. Дека Макрон би можел да ги „запали“ франсуските гласачи се покажа прво со масовните собири, токму како што беше случајот со американскиот претседател Доналд Трамп за време на својата предизборна кампања.

Макрон го исполни своето ветување - да изгради изборно движење од темелите до Елисејската палата пред својата 40. година.

Потпомогнат од недостатоците на својот претходник Франсоа Оланд и скандалите на противниците, претседателските кандидати Франсоа Фијон и Марин ле Пен, Макрон успеа да ја преземе контролата над Народното собрание и да ја заземе водечката улога во реформите на Европската Унија.

Себастијан Курц

Се што може да направи Макрон, може и Себастијан Курц, кој е уште помлад. Курц ја презеде Австриската народна партија, победи на изборите и стана австриски канцелар, давајќи си себеси Божиќен подарок. Дали тој може да го смени сегашниот статус на Австрија како германски слуга во Европскиот совет? Дали може да стане пример за другите десничарски лидери, кои се надеваат дека ќе одолеат на популистичките удари? Тој себеси си пружи шанса.

Сесилија Малстром

Со амбициите на Велика Британија за „Глобална Британција“, ставени настрана до крајот на договорот за Брегзит, и со брзото повлекување на САД од трговските договор, таа, како европски комесар за трговија, ја презеде улогата на лидер за глобална трговија. Таа успеа да го заврши гигантскиот споговор меѓу ЕУ и Јапонија, како и договорот меѓу ЕУ и канада. ЕУ, исто така, е близу до потпишување на најголемите договори за слободна трговија со организацијата Меркосур, составена од Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, а во 2018 година треба да започнат преговорите со Австралија и Нов Зеланд.

Андреј Бабиш

Дека може да биде тенка линијата помеѓу политичката моќ и затворската казна: едноставно прашајте го Силвио Берлускони. Досега, Бабиш се движи успешно, и покрај напорите да биде затворен поради измама со субвенции од ЕУ. Милијардерот е новиот чешки премиер и ја менува рамнотежата на моќта во ЕУ на неколку фронтови: како осми либерален лидер, сега дава еднакви шанси на Сојузот на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ) во Европскиот парламент, а како евроскептик ја поместува Вишеградската група од конструктивна кон опструктивна во својот пристап кон Брисел.

Лео Варадкар

Млад, геј и со ирско-индиското потекло, Варадкар никогаш не се соочил со избори како кандидат за претседател на државата. Тоа се само некои од нештата поради кои Варадкар е необичен за ирски Тишав (ирски назив за премиер) Неговото успешно маневрирање со Брегзит, ја стави Ирска во центарот на најтешкиот предизвик на ЕУ, само неколку недели откако го изгуби својот заменик-премиер во „свиркачкиот“ скандал.

Доналд Трамп

Противниците фрлаа „дрвја и камења“ по Доналд Трамп во неговата прва година од претседателствувањето. Роберт Милер, специјален истражувач, ја затвора врската со неговите доверливи лица, неговиот рејтинг е низок, но и покрај сето тоа, Трамп ја задржа лојалноста на неговата база, ги надгледуваше конзервативните судски назначувања и доминираше во вестите со конзистентност на која не може да парира ниту еден претседател во современиот свет.

Талис, супер-брз воз

Супер брзиот воз „Талис“, кој ги поврзува Париз и Амстердам преку Брисел е на листата на добитници поради тоа што Европското надзорно тело за банкарство и Европската комисија за лекови се селат - првата во Париз, а втората во Амстердам.

Губитници:

Карлес Пуџдемон

Близу, ама и не баш. Карлес Пуџдемон премина од новинар до каталонски претседател во центарот на светското внимание кон крајот на септември и почетокот на октомври, при настојувањата Каталонија да прогласи независност од Шпанија. Сцените со политичко насилство над гласачите можеби го шокираа светот, но Мадрид успеа да го прогласи референдумот за неважечки. Откако ја изгуби работата и побегна во Брисел, каде се уште се наоѓа на крајот на 2017 година, нејасно е дали Пуџдемон ќе може да се врати во својата земја.

Маријано Рахој

Каталонските регионални избори можеби немаат јасен победник, но без сомнение се знае губитникот. Шпанскиот премиер Маријано Рахој во три наврати испадна губитник.

Не само што се коцкаше и изгуби, неуспевајќи да го смири проблемот со Каталонија со предвремени избори кои им овозможија на сепаратистите апсолутно мнозинство; партијата која доби најголем број гласови беше неговиот ривал од десниот центар, Сиудаданос. Во меѓувреме, Народна партија на Рахој доживеа тежок удар и од 11 пратеници во регионалниот парламент спадна на само три.

Ангела Меркел

Либерална алтернатива на Доналд Трамп, резервен лидер на слободниот свет, кралица на Европа, личност на годината на „Тајм“. на националните избори во септември нејзината партија заврши како прва, но со драматично губење на гласови, оставајќи ја да преговара со социјалдемократите, кои не со голема желба би формирале голема коалиција. Меркел се препнува во имиџот на згрижувач.

Тереза Меј

Каде да се почне? Никогаш толкав политички капитал не бил потрошен заради неколку лоши одлуки, а циниците би рекле дека Меј е „полна грешки“. Лидерот кој вету „силна и стабилна“ влада, испорачува се - само не тоа.

Преговарачите од ЕУ за Брегзит постојано се чекор напред, кабинетот на премиерката секоја недела се поврзува со јавни судири, а за политички да преживее, Меј се потпира на гласовите на Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, кој е скап и недоверлив сојузник. И додека таа ја завршува годината со примање аплаузи од „другарите“ меѓу европските лидери, повеќето би рекле дека 2018 година може да биде само подобра за Меј.

Мартин Шулц

Мартин Шулц ја почна 2017 година како претседател на Европскиот парламент. После кусиот „меден месец“ со гласачите во Германија, партијата на Шулц на националните избори постигна најлоши резултати на сите времиња. Иако се уште може да извлече „зајак од шеширот“ за време на коалициските преговори во следните месеци, за него 2017 година одеше само во една насока - удолу.

Централна и Источна Европа

Пред се, Словачка. Таа мала централноевропска земја е совршен пример како перспективите на новите членки на ЕУ пропаѓаат, додека француско-германската оска се шири во вакуумот на Брегзит и растечкиот национализмот во регионот е пресретнат со барањата за Европа (читај Источна и Западна) со различни брзини. Братислава направи драма за Европската агенција за лекови, само за на крај таа да биде предадена на Амстердам. Потоа, нејзиниот министер за финансии Петер Кажимир се фрли во огнот и влезе во натпреварот за раководство на Еврогрупата само за тоа да му експлодира в лице 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ