• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо12:24 29 декември 2017 ● Прочитано 11493

Новогодишното лудило опасно го зафати градот. Турканиците на патиштата не ги спречува луѓето да се заглавуваат на ескалаторите во трговските центри, се купува храна како за преживување на апокалипсата, а четовите ни се пребукирани со логистички договори околу дочекот. Без оглед на тоа колку се трудиме да го избегнеме тоа познато прашање, тоа ќе ни искочи од мракот: Каде ќе одиш за дочек? Иако како старееме се повеќе не сме во расположение да му даваме значење на овој ден, некако секогаш се случува тој да се наметне со некоја светкава еуфорија која покрај совеста ти вика преку рамото: Мораш добро да си поминеш! - анализира VICE заедно со психотерапевтката Маја Павлов.

Дали поради преголемиот притисок на најлудата ноќ во годината или заради некоја друга причина, но некако многу често се мести баш обичното собирање вечерта пред Нова Година да се претвори во нешто супер, или за репризата баш фино да се растуриш и заглавиш во град подолго од дочекот кој понекогаш може да биде, тешко промашување.

Чудна е магијата на Новата година, никогаш не знаеш каде ќе те однесе. За да дознаеме зошто настаните пред и по Нова година се многу полуди и позабавни од дочекот и зошто се дига толкава врева околу Нова година, се обративме на психотерапевтот Maја Павлов.

Зошто луѓето баш за Нова Година донесуваат одлуки за тоа што ќе променат во нивниот живот?

Новата година е почеток на нашата идна временска линија. Тоа воедно е и шанса да се остави нешто старо, а да се започне ново. Тоа е симболичен крај, како и симболичен почеток на „нешто“. Оваа шанса воедно е и нова надеж дека можеме да градиме понатаму, и можеби подобро во согласност со сопствената мотивација и желби. И затоа повеќето луѓе не сакаат да ја пропуштат оваа можност. Тоа е поглед на животот и неговите можности во кои ќе ни биде подобро.

Зошто сме толку возбудени пред дочекот и зошто е толку важно како ќе ја дочекаме Новата година?

„Дочекот“ е ритуал кој го носи во себе славењето на она што треба да дојде, обично таа нова шанса во која веруваме. Сепак, луѓето тоа го прават рутински, по навика, имитирајќи ги средините во кои се движат. Секоја култура и субкултура поставува свои правила за прослава и тоа ги прави повеќе или помалку задоволни и безбедни. Постои тука и стравот да не пропуштиме нешто добро ... бидејќи оваа забава подразбира „убав помин“ ... а честопати на начин кој Кундера го нарече „смеа и заборав“. Сепак, сретнувам луѓе кои се чувствуваат вознемирени или осамени во таква атмосфера на исфорсирани прослави, од таа еуфорија. Им се врти во главата и се прашуваат што треба да направат, или како да се чувствуваат ако не го следат тој општ тренд. Тие не ја разбираат нагласената смисла на таа обична промена на датумот.

Дали целата еуфорија околу купувањето, резервацијата, ни одмага да се чувствуваме добро за дочекот?

Сè што е стресно го одмага чувството на задоволство. Овој парадокс кој на крајот се претвори во импулсивен шопинг и подароци за прославата, приготвување на храна, стана негација на самиот чин на дарувањето во мир и љубов.

Тоа луѓето го правеле некогаш за да подарат нешто убаво по повод раѓањето на Христос како една нова шанса на човештвото во која верувале. Подоцна оваа цел се изгубила, а се одржала церемонијата на подарувањето. Кога тоа е цел сама по себе, баш и не нè исполнува, туку напротив создава дополнителен притисок и замор.

Зошто понекогаш си поминуваме многу поубаво пред и по дочекот отколку на самиот дочек?

Тогаш го нема тој присилен императив дека мора добро да си поминеме. Ние сме порелаксирани. Нема нешто што мора да се стори. Овие помини се поспонтани и баш позабавни и поубави. Кога сме опуштени, тогаш и можеме да чувствуваме задоволство.


Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ