• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Ристо Лазаров10:59 31 декември 2017 ● Прочитано 9834

Новогодишниот огномет во Прага традиционално се приредува на 1. јануари во раните вечерни часови. Оваа година над „златниот град" ќе блеснат три тони ракети - сите во боите на чешкото знаме. Ќе биде емитуван и говорот за демократијата на првиот претседател на Чехословачка Томаш Масарик, одржан токму во 1918 година.

2018 ќе биде година на големи јубилеи. Имено, во октомври, имено, се навршуваат сто години од основањето на чешката држава.

Во текот на летото, пак, граѓаните на Чешка ќе ја одбележат педесетгодишнината на прашката пролет и подоцнежната окупација од Советскиот сојуз и пет членки на Варшавскиот пакт на 21 август 1968-та.

Токму овие два настани ќе имаат централно место во календарот на одбележување на овогодишните јубилејни датуми.

„Двата настана не го обликуваа само формално чешкиот идентитет, туку беа и движења кои имале значење и надвор од границите на државата. Во двата случаи, тоа беа паневропски процеси на демократизација и реформи", наведуваат во својата програма организаторите на обележувањето на јубилеите.

„Годината 1918 е решавачка за обликувањето на историското паметење на Чесите и тоа е датум од кога се развива чешкиот идентитет", вели познатиот чешки историчар Михал Стехлик.

Еден од главните настани оваа година ќе биде, секако и чешко-словачката изложба, најпрвин во Братислава, а потоа и во Прага.

Посетителите ќе имаат прилика да се запознаат со одредени приказни на претците кои ја обликувале историјата на републиката. По осумгодишна реконструкција, ќе биде отворена и зградата на Народниот музеј на Вацлавски намести во Прага, каде што и ќе биде поставена голема заедничка чешко-словачка изложба. До крајот на јануари граѓаните на Чешка и Словачка ќе можат да им испратат на организаторите на изложбата прилози кои условно се насловени "Објекти со приказна". На изложбата ќе има многу фотографии од приватните архиви или личните дневници. Во рамките на 100-годишнината на Чехословачка, на изложбата ќе има простор и за 1968 и 1993 година, како и за периодот на фашистичката окупација.

Одбележувањето на јубилеите започнува веќе во јануари, кога во Плзен под заеднички наслов се организира изложба „Каде е мојот дом", приказ на развојот на републиката во очите на пет генерации. Во Брно, пак, кон крајот на мај започнува реализацијата на проектот „1918-2018" со гигантска изложба посветена на јубилеите на републиката и претседателот Масарик. Тоа ќе биде централен дел на прославата.

- Направивме вонвременски и според се единствен проект, во кој ќе се говори на иновативен начин, без никакви стеснувања, за клучните општествено-културни прашања - изјави креативниот директор на овој проект Павел Андел.

Свеченостите ќе кулминираат на 28 октомври со воена парада. Првата е одржана пред десет години, со учество на неколку илјади мажи и жени во униформи.

„И оваа парада ќе биде слична на онаа од 2008 година: ќе се одржи на Летна и на неа ќе бидат прикажани разни возила и друга опрема од најновите технички достигнувања", објаснуваат во Министертството за одбрана. Со учество на неколку илјади војници, полицајци и здравствени работници, ќе поминат и најновите тенкови и оклопни транспортери, а над главите на десетици илјади набљудувачи ќе летаат борбени хеликоптери и суперсонични авиони.

Вреди да се спомне дека погледите кон минатото овде немаат само свечен карактер. Во медиумите веќе се поставува прашањето како ќе изгледаат изложбите и дали и врз нив, како и врз вкупното одбележување на јубилеите, ќе превагне службениот наратив? Дали тој наратив го подразбира само ослободувањето од австро-унгарскиот јарем или допушта и други приказни? Со ова прашање, се укажува и на фактот дека милиони етнички Германци и Унгарци станале граѓани на Чехословачка, но никогаш во целост не ја признале државата.

Во извештајот на владата стои дека Прашката пролет од 1968 година во основа го обликувала чешкиот идентитет. Не порекнувајќи го тоа, но со забелешка дека пролетта траела само половина година, се укажува дека во текот на наредните 20 години премногу лефтерно се одвивала т.н. "нормализација". Се изразува желба во свеченото одбележување да се покажат двете страни на паричката. Во тој контекст посебно внимание предизвикува потсетувањето на познатиот спор помеѓу Милан Кундера и Вацлав Хавел од времето на Чешката пролет. Заговорниците на овој пристап велат дека во земјата на слободатата на говорот не треба да се молчи и за деликатните тајни на тајните служби. Таквите прашања треба да се отворат. Тие не исчезнале ни по педесет, ни по сто години. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ