• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо19:08 01 јануари 2018 ● Прочитано 8934

Тие што решија да ја прослават Новата година во Бостон се надеваат дека во следната година најзначајни ќе бидат мирот, семејството и среќата – и тие се решени да ја направат 2018 подобра од претходната, пишува Кетлин Меккиерн за Бостон Хералд.

Граѓаните се фатија во костец со големиот студ и излегоа на Бостонската прослава First Night на плоштадот Копли, решени да ја прослават долгогодишната традиција.

„Ова е 27-та година како доаѓаме на прославата во Бостон“, рече 75-годишниот Јан Хадад од Метеон. „Имаше една година која беше постудена од оваа. Но, оваа е слична на таа. Би сакал да поминувам повеќе време со моето семејство“.

Националната метеоролошка служба објави предупредување дека изложеноста на студен ветер при -17С може да ја смрзне кожата по само 30 минути поминати надвор. Поради екстремниот студ официјалните лица ги откажаа Бостонскиот огномет во паркот Boston Common, спектаклите и парадите.

Многумина гледаат на 2018 како на нов почеток по годината што беше обележана со домашен тероризам, политички борби и безброј протести.

Но за некои тоа беше прв пат да ја слават Новата година во Бостон.

Хилда Фрајдеј, 18, од Хаваи допатувала за да ја почувствува празничната атмосфера во Бостон.

- Навистина е прекрасно. Има толку многу настани - рече Фрајдеј. „Но, исто така, навистина е ладно. Би сакала да можам да уживам во ова повеќе, но јас се смрзнав“.

- Се надевам дека ќе биде подобро од 2017 - рече 18-годишната Ешли Амезега која допатувала од Северна Каролина за да слави со нејзината мајка, Хедер. „Секој се надева на тоа секоја година“.

Мајк и Моли Перкинс од Јужен Бостон, прославувајќи ја свадбата на пријателите, се надеваат на нови почетоци.

- Се надевам дека мојата сопруга и јас ќе имаме дете - рече 30-годишниот Мајк Перкинс. „Ќе добиеме куче, а минатата година беше одлична. Се венчавме“.

„Сакаме да видиме повеќе љубезност во светот и луѓето да ги насочат своите намери за добробит и да шират повеќе љубов“, вели 53-годишната Марија Месина од Боксфорд. „Сакам да ги испратам моите намери во универзумот и се надевам дека ќе се вратат во моето семејство и пријателите“.

Џон Волш (64) од Јужен Бостон посака мирен свет, помалку растргнат од меѓународни конфликти и домашни превирања.

- Би сакал мир во светот и да се решат многу од овие прашања во странство - рече Волш. „Малку повеќе помош за луѓето во Порторико, кои настрадаат од ураган. Би требало да се завршат борбите меѓу демократите и републиканците, но јас не мислам дека тоа ќе се случи. Се надевам дека може да се оствари барем некоја од тие работи. Една би било добро - и малку потопло време“.
 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ