• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо18:46 02 јануари 2018 ● Прочитано 11324

На кабелскииот канал „Хистори“ во тек е емитување на поучната серија „Проект нацист“, подготвена за германската ЗДФ од независната британска продукција „Миднајт оил пикчерс“.

Душко Богдановиќ во Данас ја препорачува оваа серија во шест едночасовни продолженија во кои за формирањето на нацизмот, неговиот вртоглав подем, воените победи, порази и конечната пропаст, зборуваат германски и британски одлични познавачи на тоа историско време.

За авторите на серијата клучно е прашањето како група фрустрирани воени губитници, лумпен-пролетери, силеџии без образование и работа, шовинисти и антисемити, собрани во дупките на најпроблематичните минхенски пивници, успеа, чекор по чекор, од година во година, од избори да избори, да ги дофати сите лостови на власта во Германија, а потоа да стане гигантска сила која управуваше со трагичната судбина на Европа, во воена соработка со Јапонија и Италија, и поголемиот дел од светот.

Одговорот е многу јасен: со силата и харизмата на само еден човек. Адолф Хилтер (АХ), кој ги поврза и ги интегрира сите структури на партијата и поединците во нераскинлива целина. АХ е клучната причина за растечката популарност на партијата.

Неговото присуство на секој настан, во секоја статија, во секоја радио емисија, на секој плакат ... ги фасцинираше луѓето со едноставните пораки, разбирливи за сите, со ветувањата за подобар живот на Германците. Матрицата беше јасна: за сѐ се виновни непријателите на Германија (социјалисти, комунисти, синдикалци, аморфните и декадентни интелектуалци, и Евреите, се разбира), а тој, Адолф Хитлер, и неговата партија ќе обезбедат подобар, почесен, поуспешен живот, незабележан во историјата на германскиот народ . Без оглед на партиската хиерархија, формалните места на истакнатите поединци во неа, AХ беше еден, единствен и незаменлив! За сите години на раководење со партијата, тој никогаш не слушнал или признал дисонантен тон, минимална опозиција или друг став и однесување. АХ беше цврста оска околу која нацистичката партија се вртеше во сите години на постоењето.

Секако, зад сѐ стоеше силната пропаганда. Во раните години на нацизмот, во креација на самиот Хитлер, по доаѓањето на власт, низ монструозната „индустрија на пропагандата“, апсолутната цензура и тоталната покорност на масовните медиуми, а под раководство на Гебелс.

„Ние ја претставуваме највисоката можна аспирација на човечката раса, ако некој ја загрози неа, ја загрозува добродетелта сама по себе“ - беше мантрата за секојдневно колективно повторување.

Во серијата може да се дознаат и ексклузивни тези. Богдановиќ го посочува делот во кој соговорниците на авторите на серијата им тврдат дека АХ, патолошки лажго, манипулатор и фалсификатор, бил неверојатен плагијатор. Бездушно присвојувал туѓи симболи, идеологии, реторика и од таа огромна дисхармонија на идеи, создавал склад и им давал заедничка потка, која ќе биде прифатена од луѓето како негова автентична идеја.

Детаљ: Хитлер се сметал за автор на нацистичкото знаме. Со тоа се гордеел со години. Вистинскиот автор всушност бил локален стоматолог од малиот град Стернберг, стар член на партијата. Кога приказната за авторството започнала да се слуша тивко, Хитлер ладнокрвно рекол дека тоа решение е „многу слично со моето“. Завршен случај. И така безброј пати, во различни ситуации. Тој, тој, тој ... Епилогот го знаеме!

Погледнете ја оваа серија. Многу е привлечна. Многу е поучна.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ