• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Ристо Лазаров12:59 04 јануари 2018 ● Прочитано 7386

Дефинитивно: на стартната црта во трката за претседател на Чешка ќе се појават девет кандидати. Уставниот суд вчера ја одби жалбата на Тереза Хоиловка, со што е заклучена листата од девет кандидати за првиот круг на изборите, на 12 и 13 јануари. Сите се мажи: сегашниот претседател Милош Земан, експремиерот Мирек Тополанек, академикот Јиржи Драгош, лекарот Марек Хилшер, писателот и продуцент Михал Харачек, дипломатот и политичар Павел Фишер, политичарот Петар Ханинг, политичарот и менаџер Јиржи Хунек и економистот и менаџер Братислав Кулханек.

Главни конкуренти на Земан, според бројните истражувања на јавното мислење и пгропгнози, се експремиерот Мирек Тополанек и академикот Јиржи Драгош. За Драгош се вели дека е мошне сериозен "кандидат од сенка" и се шпекулира дека има поддршка од странство.

Како што се наближуваат изборните денови, сде заоструваат и распламтуваат изјавите на некои од кандидатите. Тополанек ја даде најжешката изјава досега, велејќи: "Милош е болен. Можно е да биде избран, но нема да може да ги поднесе обврските од петгодишниот мандат". Многу порано, уште пред почетокот на кампањата, Земан го предочи својот лекарски картон и тврдеше дека е здрав.

Угледните "Лидови новини" девет дена пред изборите, го димензионираат значењето на овој чин - идниот и претседател, кој и да биде, нема сигурно да биде како првиот претседател Томаш Масарик, чијашто годишнина од стапувањето на должност и од формирањето на Чехословачката република, ќе се прослави во октомври.

Тажно е сознанието, пишуваат Лидови новини, дека ниту еден од осуммината предизвикувачи на Милош Земан не се познати во јавноста (освен Мирек Тополинек) и не нудат ниту искуство, не покажуваат какви било јавни акции, или јавно презентирање на своите уверувања.

Клучна улога во овие претседателски избори, очигледно, ќе имаат медиумите, низ кои катадневно дефилираат кандидатите со помош на нивните агенции за односи со јавноста. Чешката јавност најмногу од медиумите може да најде некаков одговор на прашањето: кој е кој межу кандидатите кои идните пет години треба да стојат на чело на државата.Единствен кандидат кој досега ја претстави својата детална програма беше Михал Хорачек.

Досегашните "борби на мислења" и "дебати", како и предизборните слогани, не открија речиси ништо. Се воочува дека ниту еден од предизвикувачите (посебно се спомнуваат Драхош и Хорачек) не е толку познат, а тоа само по себе значи дека нивните соработници во иднина би имале значајни улоги. Првпат гласно се поставува и прашањето: кој ги финансира кандидатите? Кому од нив голема количина пари му доаѓа од странство?

А парите што ги трошат кандидатите за кампањата не се тајна. Најмногу милиони круни одат на сметката на Фајсбук и другите социјални мрежи. Меѓу нив, со најодрвзано ќесе се академикот Драгош, кого го следат Тополанек и Хорачек. И ако се суди според тоа, тој е фаворит. Се разбира, победникот не се решава само на интернет. Милош Земан, на пример, уште при распишувањето на изборите рече дека нема да води кампања и неговото рекламирање на блдбордите е донација од некој негов приврзаник.

Паѓа во очи дека ниту еден од кандидатите не ја претставува бившата антикомунистичка опозиција, првпат од предсетателските избори во 1990 година. Дали нацијата сака таква личност? Или овие кругови не ја попречија правилната политичка работа и не биле во состојба да генмерираат такви личности?

На удар на јавната критика се и политичките партии кои се прашуваат каде се воопшто во претседателските избори? Речиси се невидливи, иако со години го убедуваат народот дека политичкиот живот во земјата е незамислив без нив.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ