• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо18:43 06 јануари 2018 ● Прочитано 6711

Кина тврди дека е подготвена да испрати сонда на темната страна на Месечината оваа година и лендер со контејнер кој ќе содржи растенија и инсекти.

Тоа е најнова мисија во низата вселенски продори кои ги прави Кина, пишува Марк Приг за Dailymail. Новата вселенска сонда Chang'e 4 ќе биде лансирана во јуни, кога ракетата Long March 4C ќе го понесе сателитот од 425 килограми.

Месечева градина
Според Chongqing Morning Post, контејнер исполнет со семиња и јајца од инсекти ќе биде приклучен на Chang'e 4, е вториот кинески лунарен лендер кој ќе биде испратен на Месечината во авугст 2018 година. Контејнерот, кој е направен од специјална алуминиумска легура, ќе се развие процесот на растење на растенија и животни на Месечината.

Исто така ќе обезбеди вредни податоци и искуства за идното воспоставување на еко-бази на други планети.

- Контејнерот ќе однесе компири, семе од арабидопсис и јајца од свилена буба на површината на Месечината. Јајцата ќе се изведат во свилени буби, кои можат да произведат јаглероден диоксид, додека компирот и семињата емитуваат кислород преку фотосинтезата. Заедно, тие можат да воспостават едноставен екосистем на Месечината - рече Zhong Yuanxun, главен креатор на контејнерот, за Chongqing Morning Post.

Со второто лансирање, подоцна во текот на годината, ќе се испрати лендер и ровер на темната страна на Месечината, чие безбедно слетување ќе биде наведувано од сателит.

Роверот ќе содржи и „градинарски алатки“ за да го отвори патот за човечка базна станица со тоа што ќе испитува како растат растенијата на површината на Месечината.

Тоа ќе биде првото слетување на лунарната темна страна, на неистражениот регион на Месечината наречен Јужен пол-Ејткен басен, огромен басен на јужната хемисфера од темната страна кој се протега од Јужниот Пол до кратерот Ајткен.

- Кинезите пробвиаат граници со таква техничка предизвикувачка мисија - вели за „Гардијан“, Брајан Харви, вселенски аналитичар и автор на „Кина во вселената: Големиот скок напред“.

Кина исто така објави дека планира да лансира вселенска сонда за враќање на примероци од Месечината, што државните медиуми го оценија како натпревар со амбициите на американскиот претседател Доналд Трамп за ревитализација на американското вселенско истражување.

Лансирањето вклучува нови предизвици за Кина како што се собирање примероци, полетување од површината на Месечината и обид за брзо враќање во атмосферата на Земјата, со што тоа ќе бидат „едни од најкомплицираните и најтешки вселенски мисии на Кина“, изјави Ху Хао, официјален претставник на кинеската Програма за истражување на Месечината.

Планови на Кина за истражување на вселената

Од 2009 година, Кина ја интензивира својата работа во истражување на вселената во повеќе фази.

Секоја фаза име кое се однесува на плановите на конкретната мисија.

Фаза 1, мисија „Околу“: Yinghuo-1 беше лансиран во 2009 со цел да врати примероци, меѓутоа, таа беше заробена во орбитата и се распадна.

Фаза 2, мисија „Слетување“: Yinghuo-2 се очекува да биде лансирана во 2020 за да собира податоци од Марс.

Фаза 3, мисија „Кружење“: Ровер ќе биде испратен на Марс за да врши истражување.

Кинескиот претседател Кси Јинпинг побара Кина да стане глобална сила во вселенското истражување.

„Неодамна, администрацијата на Трамп“ откри дека има амбиција да се врати на Месечината.

„Нашата земја исто така објави низа планови за истражување на длабокииот вселенски простор", рече официјалниот весник „Наука и технологија“, а „Месечината е прва станица на патот на човештвото кон длабокиот простор“, пишува весникот.

А новата сонда на Кина е последниот чекор во нејзината програма за истражување на Месечината.
.
Во 2013 , таа го направи своето прво месечево „меко слетување“од 1976 со сондата Chang'e-3 и нејзиниот ровер „Ќилибарен зајак“.

Освен сондата на темната страна на Месечината во 2018, прво такво патување на таа страна на сателитот, Кина сака да испрати и астронаути на Месечината до 2036.

Кинеската вселенска агенција исто така ги објави и плановите за лансирање на две мисии на Марс и сонда кон Јупитер. Заменик-директорот на кинеската Национална вселенска администрација Ву Јанхуа рече дека првата сонда ќе биде испратена на Марс до 2020.

Планови на САД
Во февруари администрацијата на Трамп побара од Националната аеронаутика и вселенска агенција да ја разгледа можноста за екипирање на мисија со ракета за тежок транспорт, која се очекува да биде лансирана во 2018, со што можеби се поставува сцената за враќање на луѓето на Месечината.

Сепак, овој план беше напуштен и мисијата Орион ќе биде без човечки екипаж на првиот лет годинава. Сондата ќе биде закачена на ракета способна да подигне 70 тони, а ќе биде лансирана од обновениот вселенски центар Кенеди во ноември 2018.

Орион без човечки екипаж ќе патува во далечната ретроградна орбита 48,300 километри подалеку од вселенскиот брод Аполо, што значи ќе достигне далечина од 442.570 километри.

Мисијата ќе трае 22 дена и ќе ја тестира подготвеноста на системот за идните операции со човечки екипаж.

Потоа, ќе биде лансирана втора истражувачка сонда за собирање примероци и спроведување истражувања за структурата, составот и животната средина на црвената планета.

НАСА исто така ги откри своите планови за летање на Јупитер и истражување на еден астероидот.

Кина ја спроведе својата прва вселенска мисија со екипаж во 2003 и постигна стабилен напредок за кратко време.

Кинески „Лунарен дворец“

Минатиот месец, во подготовка за својата лунарна мисија со човечки екипаж за 2036, во соработка со ЕСА, Кина создаде „Лунарна палата“ на Земјата за да симулира живеење во изолирани услови на Месечината.

Четири студенти од Универзитетот за вселенски истражувања Беиханг влегоа во кабина со површина од 160 квадратни метри, наречена „Југонг-1“.

Двајца мажи и две жени, кои престојуваат 60 дена, во моментов тестираат како функционира системот за одржување на животот во средина слична на Месечината.

По овој период тие ќе бидат заменети со друга група од четворица кои ќе останат 200 дена, пред да се врати првата група за дополнителни 105 дена.

„Лунарната палата“ е трета биорегенеративна база за поддршка на животот во светот, а прва во Кина. Во неа човечкиот отпад ќе се третира со процес на био-ферментација, а експерименталните култури и зеленчук, ќе бидат одгледувани со помош на нуспроизводите од храната и отпадот.
 

Подготви: А.Ј.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ