• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо14:12 07 јануари 2018 ● Прочитано 6026

Климатските промени што ги предизвикавме ги загреаја океаните и го смалија нивотот на кислород. Со зголемениот број мртви зони, драстично расте и бројот на подрачјата со ниско ниво на кислород. Но, не е се изгубено.

Научниците предупредуваат дека мртвите зони во кои нема кислород пораснале за четири пати од 1950 година. Истовремено, за десет пати е зголемен бројот на подрачјата со екстремно ниско ниво на кислород покрај бреговите.

Како што пренесува „Гардијан", морските животни во тие зони не можат да преживеат и сегашните трендови долгорочно водат кон масовно изумирање, што може да има катастрофални последици за стотици милиони луѓе кои зависат од морето.

Главна причина за губитокот на нивото на кислород во морињата се климатските промени што ги предизвикавме со согорувањето на фосилните горива. Потоплата планета ги загреа океаните, а потоплата вода содржи помалку кислород. Освен тоа, мртвите зони во крајбрежните подрачја се создаваат и од ѓубривата и отпадните води кои од копно завршуваат во морињата.

Дениза Брејтбарт од американскиот истражувачки центар Смитсониан вели дека масовните изумирања во историјата на нашата планета биле поврзани со потполата клима и дефицитот на кислород во морињата:

- Сегашниот живот нè води во таа насока. Но, последиците од останувањето на тој пат се толку црни за луѓето, што тешко е да се замисли дека би отишле толку далеку - рече Брејтбарт и додаде дека ова е проблем што можеме да го решиме.

Таа предупредува дека климатските промени се глобално прашање, но дека и локалните акции можат да помогнат околу нивото на кислород во морето. Укажа на примерите на Темза во Англија и заливот Чесапик во САД во кој ги снема мртвите зони. Такви зони во 1950 година имало помалку од 50, а денеска ги има повеќе од 500.

Роберт Диаз од Институтот за поморски науки на Вирџинија вели дека ова не е приоритет за политичарите и владите низ светот и дека ќе треба сериозен морталитет на рибите за да се сфати опасноста од ниското ниво на кислород.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ