• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо17:23 07 јануари 2018 ● Прочитано 6638

Во време кога скандалите за сексуално вознемирување го потресуваат Холивуд, номинациите за овогодинешниот Златен глобус ги слават женските ликови кои ги надминале траумите и токсичните мажи, а игнорираа неколку филмови и ТВ серии чии машки ликови се меѓу главните обвинети, пренесува Кликс.

Филмот „Сите пари на светот“ на Ридли Скот има три номинации - за најдобар спореден актер, режисер и актерка. Скот и филмското студио Sony донесоа одлуката без преседан за отстранување на Кевин Спејси од филмот во кој се зборува за киднапирање на 16-годишниот Џон Пол Гети III поради што некои делови од филмот се снимаа повторно. Да потсетиме, Спејси е обвинет за сексуално вознемирување на почетокот на минатата година. Овој потег очигледно вроди со плод.

Серијата „Куќа од карти“ оваа година не доби ниту една номинација за разлика од претходните, кога имаше по осум номинации. Спејси победи во 2015, а неговиот колега Робин Рајт во 2014. Со оглед на обвинувањата, Netflix објави дека Спејси нема да глуми во шестата и последна сезона од оваа серија.

Ниту една номинација нема ниту комедијата „Транспарент“ на Џил Соловеј во која игра Џефри Тамбор кој исто така е обвинет за сексуално злоставување, иако претходно имал седум номинации. Иднината на серијата е непозната бидејќи Тамбер изјави дека не знае како би се вратил кога неколку од жените во серијата, меѓу кои е и Трејс Лисет, го обвинија за несоодветно однесување.

Филмот „Три билбордите надвор од Ебинг, Мисури“, во кој една мајка бара правда за својата силувана ќерка, е пофален токму поради темата што ја обработува за време на скандалите поврзани со продуцентот Харви Вајнштајн. Тој е награден со шест номинации, меѓу кои се за најдобра драма и за најдобра актерка.

Иако имаа скандал со креативниот директор Џон Ласетер, анимираниот филм „Коко“ е номиниран за најдобар анимиран филм. Ласетер минатиот месец објави дека ќе земе шестмесечно отсуство откако беше обвинет за сексуално вознемирување.

Номинации освоија ТВ сериите во кои водечка улога имаат жените кои се борат против сексуалното насилство. Меѓу нив се „Големи мали лаги“ - шест номинации, „Бајката на робинката“ - две номинации, „13 причини зошто“ – една номинација, „Сјај“, „Изедначување“, и „Прекрасната г-ѓа Меисел“.

Свеченото прогласување на победниците ќе биде денес, на 7 јануари, а листата на номинираните може да ја видите тука.
 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

Избори во Чешка, шоу на украинската феминистка

Вториот гласачки ден завршува денеска во 14 часот, а објавувањето на првите прелиминарни резултати се очекува околу 20 часот.

Стара Нова Година: Можност за продолжување на прославата

За православните Руси „стара“ Нова година не е крај на зимските прослави, празничната сезона ја завршуваат на 19 јануари, кога се слави Богојавление.

НАЈЧИТАНИ