• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо16:53 08 јануари 2018 ● Прочитано 6710

Претседателот на Франција Емануел Макрон го започна денеска тридневниот престој во Кина со посета на градот Сијан, источната почетна точка на древниот Пат на свилата, каде што се обиде да ги освои симпатиите на кинескиот претседател Си Џинпинг со тоа што му подарил коњ од елитната француска Републиканска гарда.

Се наведува дека во т.н. „мека дипломатија" и симболика, вештиот Маркон од редовите на претседателските коњски сили го одбрал осумгодишниот устроен коњ Везувиус, браон боја, кој морал да ги помине строгите кинески контроли во карантин.

Маркон со сопругата Брижит во Сијан го посети и местото на кое се наоѓаат прочуените царски војници од теракота, а заедно со 40-годишниот претседател во Кина пристигнале и 50 деловни луѓе од Франција.

Како што јавуваат агенциите, Макрон за ваков подарок, што Јелисејската палата го нарече „дипломатски гест без преседан", се одлучил откако претседателот на Кина во текот на последната посета на Париз во 2014 година искажал воодушевување од глетката со 104 коњаници кои тогаш го следеле. Ова е првпат Франција да понуди еден од коњите на елитните коњски сили, како и дека се работи за одговор на „панда дипломатијата" на Кина, бидејќи сопругата на Макрон стана кума на кинеската панда која Пекинг и ја позајми на зоолошката градина во близина на Париз.

Се потсетува дека Макрон, откако на претседателските избори во мај минатата година стана најмлад француски лидер од Наполеон до денес, го почести претседателот на Русија Владимир Путин со тоа што го нагости во палатата во Версај која му припаѓала на Луј Четиринаесетти.

Исто така, американскиот претседател Доналд Трамп го повика на воената парада одржана во јули по повод Денот на паѓањето на Бастиља, по што Трамп порача дека Макрон врши „страшна работа".


 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

НАЈЧИТАНИ