• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо18:03 08 јануари 2018 ● Прочитано 7312

Икони од православните цркви низ цела Турција се донесени во црквата Аја Софија заради реставрација, за потоа да бидат изложени во новиот музеј на христијанското наследство на државата, пишува Филип Хрисопулос за Грик рипорт.

Според пишувањето на „Дејли Сабах“, христијанските икони од различни византиски цркви низ цела Турција се собираат во лабораторија во османлиската палата Топкапи во Истанбул, која е во непосредна близина на Аја Софија. Во лабораторијата, стручни лица работат на обновување на иконите.

Досега се собрани вкупно 452 икони, од кои 45 се веќе целосно обновени. Некои од нив се постари од 300 години, а експертите работат предано за да им ја вратат нивната некогашна слава. Повеќето од нив припаѓаат на 17-тиот и 18-тиот век.

Откако иконите ќе бидат обновени, тие ќе бидат изложени во посебен музеј. Одредени икони се сметаат за клучни за зачувување на христијанското наследство на Турција.

Директорот на лабораторијата, Али Осман Авсар, изјави за Агенцијата Анадолу дека некои од иконите биле многу запуштени кога ги донеле во нивната лабораторија.

- Нашите експерти ги анализираа нивните бои и дрвото на кое беа насликани пред да се почне со конзерваторската работа. Тие употребија дезинсекција за да ги исчистат од штетните инсекти и бактерии - рече тој.

Иконите се чуваа во Музејот на Света Софија, но Авсар рече дека планираат да формираат нов музеј за нив, поради ограничениот простор во историската црква.

Професорката Сема Доган од универзитетот Хаџетепе, еден од експертите кои работат на проектот за конзервација и реставрација, рече дека се обидуваат да ги сочуваат иконите во нивната првобитна состојба со „правилна апликација“ и дека турските експерти разменуват информации со италијански експерти за реставрација.

 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

Трамп зборува за Африканците исто како што луѓето зборувале за Евреите пред Холокаустот

Во 1924, Конгресот затворил врата за понатамошна имиграција од Источна и Јужна Европа, дозволил влез само на „супериорните“ бели северни Европејци.

Словенија бара Србија да ѝ врати околу 300 уметнички дела и предмети

Културата спојува, но сопственоста на културните дела може и да раздвојува.

Машка Нова година

Од машка точка на гледање, новогодишниот феномен може да се подели во три фази: детство, младост и зрелост.

НАЈЧИТАНИ