• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо18:06 08 јануари 2018 ● Прочитано 9483

Жена загина при пожар во стан што се случин на улица Шидска во скопската општина Ѓорче Петров. Привичните информации за причината за смртта е дека таа настапила поради загушување. Полицијата го потврди и идентитетот на жртвата, Јаготка Анѓелковиќ, родена 1955 година.

 

Според информациите од Противпожарната бригада во Скопје, несреќата се случила попладнево околу 16.25 часот. Опожарени се 20 квадратни метри, а материјалната штета се проценува на 70.000 денари.

На терен интервенирале петмина пожарникари со две возила. Засега нема официјални информации за причините за настанување на пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

Сто и педесет се пријавени за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Спуштањето на крстот во водите на Вардар ќе биде утре напладне од мостот кај хотелот „Холидеј ин“.

Општина Карпош потпиша Меморандум за соработка со „Лајонс клуб“

Со Меморандумот се предвидуваат многубројни активности, проекти и заеднички настани, чија примарна цел е подобрување на условите за живот во Карпош.

Пријавени 44 кандидати за фаќање на крстот во Вардар во Скопје

Спуштањето на крстот во водите на Вардар на 19 јануари ќе почне во 12 часот од мостот кај хотелот „Холидеј ин“ и ќе го изврши поглаварот на МПЦ.

НАЈЧИТАНИ