• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо14:43 10 јануари 2018 ● Прочитано 4334

Против режисерот Роман Полански нема да се поведе обвинение за сексуална злоупотреба од 1975 година.

Судот во Лос Анџелес одлучил дека делото е застарено. Тој лани во октомври беше обвинет од жена дека сексуално ја злоупотребил во 1975 кога имала 10 години. Адвокатот на Полански тврдел дека тој е невин.

Инаку Полански, за случај од 1977 година, признал дека имал секс со малолетно девојче и поминал 42 дена во затворска единица, каде што бил на психијатриско наблудување, по што бил ослободен. Во 1978 година убеден дека судијата ќе ја поништи спогодбата и ќе се обиде да го стави зад решетки на подолго време, добитникот на Оскар побегнал во Франција и до ден-денес се крие од американското правосудство. Полански во 2009 година беше уапсен во Швајцарија и САД бараа екстрадиција, но беше ослободен, бидејќи швајцарските власти проценија дека американското обвинителство не пружило докази за неговиот случај.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Оливер Драгојевиќ: Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам се уште

Тој во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на лекување.

Родителите ја нападнаа Викторија: Поради тебе нашите деца не сакаат да јадат

Поради таквите девојки мојата и онака тенка ќерка мисли дека треба да јаде уште помалку, напишала една мајка

И внукот на Чаплин по пистата на „Долче и Габана“

На ревијата беа синовите на Памела, Пирс Броснан, Паф Деди, Даниел Деј-Луис и Џуд Ло

Забрането виното на Леди Гага

На Леди Гага и е забрането да го продава виното произведено во чест на нејзината покојна тетка, затоа што веќе постои такво име на пазарот.

Девојка на британски политичар брутално ја навреди Меган Маркл

„Мејл он сандеј“ објавил пораки кои Марни му ги испратила на пријателот, а во кои навредливо ги коментирала Меган и Афроамериканците.

НАЈЧИТАНИ