• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 1
Плусинфо17:38 10 јануари 2018 ● Прочитано 8161

- Пиранскиот залив и споровите околу него претставуваат класичен пример на продавање на националистичка магла за народите да се бават со непостоечки национални прашања, а не со жешките проблеми на економската и социјалната политика - порачаа на неделниот протест, што се одржа во близина на Пиранскиот Залив, „Радничка фронта“ и словенечката партија „Левица“, каде што се видени и транспаренти со натписи „за Истра и Светот без граници“, „Јебале вас границе“, „Каде е границата на кражбата на работниот народ“, „Границите не им требаат на луѓето, туку на капиталот“ ..., пренесува Лупига.

Протестот се одржа на хрватско-словенечкиот граничен премин Плованија каде членови на овие партии на „ничија земја“ предупредиј на „националистичката магла која ни се продава на двете страни“. Својата порака претставниците на овие политички опции ги прочитаа на три јазици - хрватски, словенечки и италијански – а во обраќањето до јавноста се истакна дека во заливот, кој во центарот на вниманието доаѓа според политичките потреби, поголемиот дел од хрватските и словенечките граѓани никогаш не им е битно каде е границата. Напоменаа дека словенечките и хрватските бродови досега слободно поминувале низ заливот, дека рибарите слободно рибареле и дека двете земји се сега во Европската унија.

„Сите силни приказни за „национални интереси“ е куп на бесмислици идеални за политиката на фрлање прашина во очи. Дали е „национален“ интерес на рибарите, дали од Хрватска или од Словенија, да испловуваат под закана на полициска флота и да рибарат во сред агресивните маневри на тие флоти?

Дали е во интерес на работниците, да се бават со „националните прашања“ наместо со своите интереси и да ги продлабочуваат националните конфликти? Манијата на милитаризација, ѕвецкање со оружје и повикувањето на војна не се во интерес ниту на едениот ниту на другиот народ. Туку се во интерес на хушкачите кои имаат само интерес на зачувување на статус кво и на социјална нееднаквост“ велат од Радничка фронта и Левица.

Протестантите велат дека додека политичарите продаваат приказни за националните интереси во Пиранскиот Залив, и во Хрватска и во Словенија властите не покажуваат грижа за важните работи. Во Хрватска, велат тие, политиката не се грижи за болните деца на кои итно им се потребни лекови, пензионерите кои копаат по контејнерите, сиромашните и невработените, блокираните, додека во Словенија работниците се соочуваат со мерките на штедење, наставниците се подготвуваат за штрајк, а „борбата на трафикантите“ ја покажува сета мизерија на атипичните форми на работа.

„Хрватска се соочува со најголемото селење на млади луѓе од земјата досега што наскоро ќе доведе до колапс на пензискиот систем и уште поголемо социјално раслојување на богати и сиромашни. Во моментов, според податоците на Евростат, дури 1.18 милиони луѓе во Хрватска се изложени на ризик од сиромаштија и социјална исклученост. Во време кога хрватскиот министер за финансии се фали со БДП, суфицитот значи само подобрување на рејтинзите за понатамошно задолжување, а не и подобар живот за сите.

Наместо да ги спасуваат производството, науката, образованието и здравството, властите трошат за нови автомобили и мобилни телефони. Иако и словенечките министри се фалат за излез од кризата, сосема е јасно дека тој привиден економски раст не значи корист за сите. Околу 280.000 луѓе, или секој седми граѓанин на Словенија, живее под линијата на сиромаштија. Во Словенија социјалните и економските разлики постојано се продлабочуваат (разликата помеѓу минималната и просечната нето плата е највисока во ЕУ). Дури и децата во Словенија почнуваат да се раслојуваат социјално и економски, па социјалните разлики се повеќе се одразуваат и на писменоста - истражувањата покажале дека богатите се многу пописмени од сиромашните“, сумираат двете партии и заклучуваат дека и Хрватска и Словенија ја делат судбината на земјите од периферијата на Европа „каде што социјалните разлики се зголемуваат, работниците ги губат сите права, атипичните форми на работа стануваат норма и општествената раслоеност расте“.

Политичките спектакли како овој во Пиранскиот залив се логичен фолклор кој ги следи понатамошната ерозија на социјалната држава и третиот бран на приватизацијата.

Затоа, велат во Работничка фронта и Левица, потребно е заедно да се протестира против лажните политики, предупредувајќи дека национална цел на властите е да покажат дека „нашите“ национални интереси се спротивставени на „нивните“ национални интереси, за граѓаните да не сфатат дека од другата страна на границата не живеат само „Словенци“ и „Хрвати“, туку „рибари, работници, обични луѓе, наши браќа и сестри кои делат ист интерес - да живеат во мир и од својата работа, во достоинствен живот“.

„Жителите на овие гранични региони на Истра и Словенечкото приморје,од хрватска, словенечка и италијанска националност, преку крвава борба ја научија вредноста на интернационализмот, мултикултурализмот, солидарноста и дијалогот. Безброј пати отворено, храбро и заеднички им покажаа на воените хушкачи што мислат за нивните граници и жици, говорот на омраза и затворање во националниот обори.

Сигурни сме дека нашите народи ќе знаат како да застанат на патото на националистите од двете страни на разни Тромблони, Томашиќки, Јанши и Јораси и дека ќе ја препознаат димната бомба што политичарите од двете страни ја уфрлуваат во полето на политичко-економските процеси преведувајќи ги во националистички конфликти“, се заклучува во настапот на протестантите на граничниот премин во близина на Пиранскиот залив.
 

Подготви: А.Ј.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Над 677 илјади корисници на Твитер во САД следеле лажни руски сметки (ГАЛЕРИЈА)

Гигантот на социјалните медиуми откри дека ИРА преку своите 3.814 сметки објавила „175.993 твитови, од кои приближно 8.4% се поврзани со изборите“.

Путин ги споредува Ленин и комунизмот со христијанството

Рускиот претседател Владимир Путин го спореди Владимир Ленин со светец и изјави дека советските комунистички идеи доаѓаат од Библијата.

ПРОФИЛ Оливер Ивановиќ: Тврдиот орев брутално скршен

Ивановиќ беше неомилен лик кај актуелните власти во Белград, а против него со месеци провладините медиуми водеа црна кампања

Што мисли светот за политичката позадина на убиството на Оливер Ивановиќ

Убиството на Оливер Ивановиќ во Косовска Митровица е еден од оние настани кој секој мир може да го претворат во војна и секоја војна во мир.

Новата чешка Влада не доби доверба

По минатонеделното одложување на гласањето, синоќа Бабиш ги доби гласовите само на своето движење АНО, додека останатите присутни беа против.

НАЈЧИТАНИ