• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 108
МИА10:07 11 јануари 2018 ● Прочитано 5579

Во Културно-информативниот центар до 20 јануари ќе биде поставена годишната изложба „Мал формат 2017“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија-ДЛУМ. На изложбата учествуваат 54 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија со повеќе од сто дела изработени во различни ликовни техники.

ДЛУМ и КИЦ и годинава ги доделија наградите на оваа републичка ликовна манифестација. Наградата за сликарство му е доделена на Драган Ветровски-Алпи, Агрон Абдули ја доби наградата за графика, наградата „Константин Мазев-Коце“ и е доделена на Силвана Атанасовска, „Вангел Коџоман“ на Жаклина Глигориевска-Кочоска и наградата „Адем Кастрати“ на уметникот Бурхан Ахмети.

Жаклина Глигориевска-Кочоска, добитничка на наградата „Вангел Коџоман“, изјави дека со создавањето уметност се одвоила од, како што вели, суетноста на животот и ја добила достоинственоста на слободата.

- Но и одговорноста да создавам дела кои во себе ја носат содржината на времето и настаните во кои живееме... Си дозволивме на уметноста да гледаме како на безодговорна забава, невина разонода а, всушност, целиот тој механизам без дух се претвори во култура на површност и баналности - смета Глигориевска-Кочоска, која е професорка во средното уметничко училиште во Скопје.

Оваа годишна изложба е посветена на малиот формат кој, според ДЛУМ, е творечки предизвик и честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика.

„Магијата на малиот квадрат во површина 25х25 сѐ уште претставува искушение и за најголемите мајстори на четката и бојата. Гледајќи низ историјата - Пикасо, Дали, Матис, Лотрек, Ван Гог, Гоген, сликари од сите школи и правци, го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големото платно во помалата мерка“, наведува ДЛУМ, организатор на оваа годишна изложба.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Денови на иранската кинематографија во Кинотека од 22 до 27 јануари

Шест филма од современата иранска кинематографија, снимени од 2005 до 2014 година, ќе бидат прикажани во Кинотеката.

За Роман на годината 2017 ќе се натпреваруваат 28 книги

Тие се пријавени на конкурсот кој траеше од 15 декември до 15 јануари, годинава првпат во организација на Фондацијата „Славко Јаневски“.

Денот на раѓање на Тоше ќе се одбележи со музичка манифестација во Крушево

Во 11 и 15 часот ќе се полага цвеќе на гробното место на нашиот Тоше, а со почеток во 11:30 ќе започне настанот за одбележување на денот на раѓањето.

Конкурсите на МРТ за поддршка на домашната музичка продукција ќе бидат поништени

Во моментов, Министерството за култура ги анализира финансиските импликации со кои ќе се оптовари буџетот.

Роман за германски Џејмс Бонд на македонски јазик

Крими романот „Теодорус. Танцувајќи со риба слон“, за Теодор, германскиот Џејмс Бонд од 21 век е зачинет со музика од Стинг, Шаде.

НАЈЧИТАНИ