• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо14:45 11 јануари 2018 ● Прочитано 5800

Серена Вилијамс, светска тенисерка и од неодамна мајка, ја краси насловната страница на магазинот „Вог“ за февруарското издание, заедно со својата ќеркичка Алексис Олимпија Оханијан Јуниор.

Алексис, која има три месеци, е најмладото лице што се појавило на насловната на „Вог“.

Во сторијата за магазинот, Вилијамс зборува за својот нов живот како мајка и сопруга, за своите амбиции во кариерата, но раскажала и за стравичната епизода од својот живот што ја преживеала по породувањето и како одвај извлекла жива глава.

Компликации

По ризичното породување со царски рез (бебето имало забавена работа на срцето во текот на контракциите), Серена се соочила со компликација, која често знае да заврши фатално - згрутчување на крвта. Таа воедно морала упорно да ги убедува лекарите дека треба да ја сфатат сериозно.

Денот по породувањето, Серена почувствувала дека останува без воздух. Поради нејзината историја на болест на згрутчување на крвта и тромбови и бидејќи не примала антикоагулантна терапија поради извршениот царски рез, веднаш претпоставила дека има белодробна емболија.

- Доплер? Ви реков, ми треба скен и хепарин. Бев во фазон - слушајте ја доктор Вилијамс – упорна била тенисерката.

По нејзиното настојување, ѝ бил направен скен, при што било откриено дека има неколку крвни згрутчувања во белите дробови и морале да започнат да ја лекуваат.

Нејзините здравствени проблеми не завршиле тука. Следните неколку денови Серена повторно била примена во хируршка сала, откако раната од царскиот рез се отворила, а лекарите пронашле хематом. Веднаш извршиле операција за да спречат згрутчување.

Мајчинство, ризик

По сè низ што поминала, Серена Вилијамс за „Вог“ изјавила дека не можела да стане од кревет неколку недели. Кога конечно ѝ било подобро, сфатила дека мајчинството не е лесна работа.

Вилијамс е една од околу 150.000 жени во Америка кои се соочуваат со сериозни проблеми поврзани со бременоста. За среќа, Серена ги познавала симптомите и си го спасила животот. За жал, помеѓу 700 до 1.200 Американки годишно не го преживуваат породувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Оливер Драгојевиќ: Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам се уште

Тој во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на лекување.

Родителите ја нападнаа Викторија: Поради тебе нашите деца не сакаат да јадат

Поради таквите девојки мојата и онака тенка ќерка мисли дека треба да јаде уште помалку, напишала една мајка

И внукот на Чаплин по пистата на „Долче и Габана“

На ревијата беа синовите на Памела, Пирс Броснан, Паф Деди, Даниел Деј-Луис и Џуд Ло

Забрането виното на Леди Гага

На Леди Гага и е забрането да го продава виното произведено во чест на нејзината покојна тетка, затоа што веќе постои такво име на пазарот.

Девојка на британски политичар брутално ја навреди Меган Маркл

„Мејл он сандеј“ објавил пораки кои Марни му ги испратила на пријателот, а во кои навредливо ги коментирала Меган и Афроамериканците.

НАЈЧИТАНИ