• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА16:49 11 јануари 2018 ● Прочитано 2980

Турција нема да екстрадира ниту едно осомничено лице во САД, доколку Вашингтон не и го предаде исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува за осуетениот пуч, што се случи во јули 2016 година, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

- Ние досега на САД им предадовме 12 терористи, но тие не ни го предадоа тоа што го сакаме. Тие едноставно измислија неосновани оправдувања - нагласи турскиот претседател.

Ердоган истакна дека, доколку САД не го предадат Ѓулен, од сега па натаму, додека е тој на власт, ниту Турција нема да му предаде на Вашингтон ниту еден терорист.

Како што јави МИА, откако Анкара го обвини Ѓулен за неуспешниот воен удар, Турција неколку пати побара од Вашингтон, каде што тој живее, да биде екстрадиран.

Американските претставници посочија дека, турскиот суд треба да достави доволно докази за да се екстрадира проповедникот, кој негира дека имал какво било учество во превратот.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ