• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо17:46 11 јануари 2018 ● Прочитано 4872

Компанијата ТАВ ќе ги инвестира средствата во јавни добра кои се во интерес на граѓаните, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговорајќи на новинарско прашање за што ќе се пренаменат парите што турската компанија е обврзана да ги инвестира согласно концесискиот договор и информациите дека нема да гради карго аеродром во Штип.

- Министерството има распишано одреден број тендери за канализации. Но, генерално тие 45 - 46 милиони евра ќе се наменат за посебни потреби на граѓаните - рече Сугарески по увидот во градежните работи на наплатната рампа Сопот.

Во врска со формирањето национален авиопревозник, повтори дека се прават анализи и ова прашање ќе се регулира по примерот на Србија, со јавно-приватно партнерство.

- Сè додека не се види целосната анализа, не би влегувале во авантури кои би биле однапред осудени - потенцира министерот Сугарески. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ