• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо18:33 11 јануари 2018 ● Прочитано 5919

Република Македонија на меѓународниот пазар на капитал денеска издаде еврообврзница на износ од 500 милиони евра со рок на достасување од 7 години и каматна стапка од 2,75%.

Според Министерството за финансии, ова е историски убедливо најниска каматна стапка постигната за било која од македонските еврообврзници, како одраз на исклучително високата доверба кај меѓународните инвеститори за перспективите на македонската економија, како и поволните услови на меѓународните пазари на капитал. За споредба, каматните стапки на претходно издадените пет еврообврзници се движат меѓу 3,975% и 9,875%.

Побарувачката од инвеститорите за македонската обврзница беше во износ од над 3,5 милијарди евра, односно над 7 пати повисока од понудата, што претставува еден од најцврстите можни докази на довербата на инвеститорите во стабилноста на Македонија и во исклучително позитивните перспективи на македонската економија. Високата побарувачка овозможи да се постигне каматна стапка од 2,75% на годишно ниво, односно стапка на принос од 3%.

Како што е предвидено со Буџетот за 2018 година, приливите од евро-обврзницата ќе се користат за покривање на буџетскиот дефицит, односно за непречено редовно извршување на сите буџетски расходи, како и за отплата на претходните долгови, вклучително и првата рата на PBG-кредитот од 2013 година во износ од 95 милиони евра која доспева на крајот на јануари. Притоа, паралелно со издавањето на еврообврзницата, Македонија за првпат изврши и делумен предвремен откуп на постоечка еврообврзница. Поточно, извршен е предвремен откуп на една третина од еврообврзницата од 270 милиони евра издадена во 2015 година која достасува во декември 2020 и чија што каматна стапка на издавање од 4,875% е значително повисока од каматна стапка на новоиздадената еврообврзница од 2,75%. Покрај каматните заштеди, со предвремениот откуп се намалува долгот кој достасува во 2020 година, односно значително се намалува ризикот од рефинансирање.

Во текот на утрешниот ден предвидена е прес-конференција на Министерот за финансии Драган Тевдовски по повод издавањето на еврообврзницата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ