• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА19:47 11 јануари 2018 ● Прочитано 3487

Истражувањето „Хоризон 2020“ што е направено на програмата на Европската унија во однос на тоа како жителите на Западен Балкан гледаат кон пристапувањето во Унијата, покажа дека Македонците, Србите, Црногорците и Босанците се речиси со поделени мислења во однос на тоа прашање.

Српските испитаници (60 отсто) се најголеми евроскептици, оценувајќи дека од Унијата имаат корист само оние кои се богати и моќни, како и дека пристапувањето кон ЕУ ќе ги загрози нивниот културен идентите и економијата.

Истражувањето покажува дека 50 проценти од Македонците се евроскептици, а потоа следат граѓаните на Босна и Херцеговина и на Црна Гора и покрај тоа што Подгорица е „најблиску“ до влез во Унијата.

За разлика од нив, во најголем процент жителите на Албанија и на Косово не го застапуваат ставот дека Унијата лошо ќе влијае врз нивниот културен идентитет или економијата.

Предраг Цветичанин, социолог и координатор на истражувачките активности во рамките на проектот „Надминување на јазот меѓу формалните и неформалните институции на Балканот“, објасни дека постојат неколку причини за скептичноста на дел од жителите од Западен Балкан во однос на пристапувањето кон ЕУ.

- Меѓу причините за скептицизмот е тоа што Унијата често се процесира само како извор на богатство и помош - објаснува Цветичанин, додавајќи дека таа не е толку привлечна кога е соочена со проблеми.

Тој исто така, констатира дека за разлика од кризите во деведесеттите години на минатиот век, кога САД и ЕУ биле „единствен“ меѓународен фактор, сега врз регионот влијание имаат и Русија, Турција, Кина, Саудиска Арабија па дури и Иран.

- Тоа е секогаш опасно, кога големите светски сили мислат дека вие сте идеален пион за нивните стратешки игри. Поради тоа се надевам дека сите земји во регионот ќе бидат доволно паметни да не ја прифатат таа улога. Што се однесува на ЕУ, можеби тие поради моменталната ситуација ќе го изгубат интересот за Западен Балкан, а можеби и токму поради тоа ќе го забрзаат процесот за пристапување на земјите од регионот во Унијата. Тоа останува да се види, но последните сигнали посочуваат кон второто - заклучува Цветичанин. 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ