• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 1
Плусинфо20:06 11 јануари 2018 ● Прочитано 14252

Градот Скопје реагира на информациите кои што се објавија на некои портали околу наводна забрана за влез на возила во Скопје од другите градови, како дел од мерките против загадувањето.

Град Скопје не планира никаква забрана за влез во Скопје со моторни возила, како што пренесоа дел од медиумите.

„Градот Скопје во насока на намалување на влезот на возила во Скопје размислува за имплементирање на систем на комбиниран превоз, каде на граѓаните од внатрешноста ќе им овозможи бесплатен паркинг на влезовите во Скопје, а до својата дестинација да стигнат користејќи го јавниот превоз (железница, автобус или велосипед).

Некои проценки во јавноста говорат дека секој ден во Скопје влегуваат десетици илјади возила од градовите од внатрешноста и значително придонесуваат за сообраќајниот метеж во Скопје. Овој систем на „Паркирај и вози“ (park&ride) го има во сите поголеми метрополи и станува збор за успешен модел кој што дава одлични резултати, а воведувањето на овој систем беше и дел од изборната програма на градоначалникот Шилегов на изборите во 2017-та“, се наведува во реакцијата на Град Скопје.

Овој систем има за цел да го олесни јавниот превоз во Скопје, транспортот да биде побрз и поевтин од користење на сопствено возило, а воедно да се охрабри користењето на комбинираниот јавен превоз.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ