• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо22:20 11 јануари 2018 ● Прочитано 6206

Американскиот продуцент Харви Вајнштајн беше нападнат во ресторан во предградие на градот Феникс, државата Аризона и два пати удрен по лицето.

По инцидентот, Вajнштајн и неговиот придружник го напуштиле ресторанот. Toj не се спротивставува на нападот.

Продуцентот е обвинет од околу 50 жени за сексуално вознемирување. Скандалот го принуди да поднесе оставка од одборот на директори на неговата продуцентска компанија „Weinstein Co.“ Тој беше исклучен од Американската академија за кинематографија, која доделува „Оскар“, а се соочува и со раз вод од неговата сопруга Георгина.

Според предбрачниот договор, Харви на Георгина ќе треба да ѝ исплати повеќемилионски износ. Според „Њујорк пост“, тој износ е помеѓу 15 и 20 милиони долари.

Георгина го напушти Вајнштајн во октомври минатата година, во моментот кога против него се појавија обвинувањата за сексуално злоставување. Условите за разводот парот ги договорил непосредно пред десетгодишнината од бракот.

Вкупното богатство на Вајнштајн се проценува на повеќе од 240 милиони долари.. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Оливер Драгојевиќ: Би се вратил јас веднаш на сцената, но не можам се уште

Тој во моментов се наоѓа во својот дом во Сплит заедно со семејството, а во болница оди само на лекување.

Родителите ја нападнаа Викторија: Поради тебе нашите деца не сакаат да јадат

Поради таквите девојки мојата и онака тенка ќерка мисли дека треба да јаде уште помалку, напишала една мајка

И внукот на Чаплин по пистата на „Долче и Габана“

На ревијата беа синовите на Памела, Пирс Броснан, Паф Деди, Даниел Деј-Луис и Џуд Ло

Забрането виното на Леди Гага

На Леди Гага и е забрането да го продава виното произведено во чест на нејзината покојна тетка, затоа што веќе постои такво име на пазарот.

Девојка на британски политичар брутално ја навреди Меган Маркл

„Мејл он сандеј“ објавил пораки кои Марни му ги испратила на пријателот, а во кои навредливо ги коментирала Меган и Афроамериканците.

НАЈЧИТАНИ