• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА08:48 12 јануари 2018 ● Прочитано 2447

Претседателот на САД Доналд Трамп повторно повика на изградба на ѕид долж границата со Мексико.

„Демократите изгледа се стремат луѓе и дрога да влегуваат во нашата земја од јужната граница - процес, при кој се изложува на ризик животот на илјадници луѓе. Моја обврска е да ги бранам животите и безбедноста на Американците. Треба да изградиме Голем ѕид", напиша Трамп на Твитер.

Претседателот на САД прецизираше дека тој не е против прием на имигранти, но кои исполнуваат одредени критериуми.

Американскиот претседател Доналд Трамп пред речиси една година го потпиша указот за изградба на ѕид на границата меѓу САД и Мексико. Тогаш Трамп рече дека новиот ѕид ќе чини помеѓу четири милијарди и 10 милијарди долари, но од Универзитетот во Масачусетс наведоа дека изградба на ѕид долг 1.609 километри ќе чини помеѓу 27 и 40 милијарди долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ