• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА08:58 12 јануари 2018 ● Прочитано 3459

Со четири натпревари кои ќе се играат попладнево во Сплит и Пореч, ќе започне 13-то Европското првенство за ракометари.

На шампионатот, на кој ќе учествуваат шеснаесет репрезентации, ќе настапи и селекцијата на Македонија, која своите средби од првата фаза ќе ги игра во Загреб, каде за противници редоследно ќе ги има Словенија, Црна Гора и Германија.

Селекциите се поделени во четири групи, од кои само најслабо пласираните нема да минат во главната фаза.

На програмата денеска се дуелите во А и Б конкуренција, а двојките се:

А група (Сплит): Шведска – Исланд (од 18:15 часот) и Хрватска – Србија (20:30 часот)

Б група (Пореч): Белорусија – Австрија (од 18:15 часот) и Франција – Норвешка (20:30 часот).

Средбите од 1.коло во Ц и Д групите на програмата се утре.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Хрватска и Косово потенцијални противници на македонските кошаркари

Денешната жрепка во Минхен ги одреди групите за втората рунда од овој претквалификациски циклус.

Митревски: Добро е што победуваме, а не играме најдобро

Митревски на првите два меча против Словенија и Црна Гора имаше вкупно 12 одбрани од 38 упатени удари кон неговиот гол, што е 38 проценти ефикасност

Словенечките ракометари размислуваат да го напуштат ЕП

Ракометната репрезентација на Словенија размислува да се повлече од ЕP, незадоволни од судски одлуки, посебно во вчерашното реми против Германија.

Лазаров: Имаме старт од соништата

Германија е квалитетна, но дуелот нивни со Словенија покажа дека може квалитетно да се носиме, рече капитенот.

Раул: Среќен сум од постигнатото, со Германија максимално до крај

Германија тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето, треба да играме до крај, порача македонскиот селектор.

НАЈЧИТАНИ