• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
МИА09:27 12 јануари 2018 ● Прочитано 4596

Италијанско- американскиот автомобилска концерн Фиат-Крајслер (Fiat-Chrysler) ќе го премести производството на пикапите Рам (Ram Heavy Duty) од Мексико во Мичиген во 2020 година.

Компанијата вели дека ќе создаде 2.500 работни места во фабрика во Ворен, Мичиген, во близина на Детроит, и ќе инвестира една милијарда долари во неа.

Таа го прави овој потег, за да го намали ризикот за профитот, ако претседателот Доналд Трамп ги извади САД од северноамериканскиот договор за слободна трговија.

Деведесет проценти од овие пикапи се продаваат во САД и Канада.

Фабриката во мексиканскиот град Салтиљо ќе биде искористена за производство на други автомобили за странски пазари.

Фиат-Крајслер исто така, објави дека ќе исплати специјален бонус од 2.000 долари на околу 60.000 свои вработени во САД. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ