• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Александар Самарџиски10:00 12 јануари 2018 ● Прочитано 7038

Еден од петмината осомничени за 27 април кои се бараат со меѓународна потерница е уапсен, дознаваме од извори во истрагата. Станува збор за Младен Додевски, а апсењето било спроведено синоќа.

Од МВР засега ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација, но од Јавното обвинителство веќе ја потврдија информацијата.

На Додевски и на останатите осомничени кои се бараат со потерници им е определен притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Додевски, според сомненијата е едно од оние лица кои маскирани и со фантомки влегоа во Собранието на „крвавиот четврток“.

Покрај него, со меѓународна потерница се бараат и Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски.
 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Јавен повик за самохрани родители

Граѓаните кои спаѓаат во категоријата- самохран родител и живеат на територија на општина Куманово да се јават во просториите на Општината...

Столтенберг: Заев е мојот херој

Столтенберг, потчукнувајќи го по рамото рече дека тие се пријатели и го нарече премиерот Заев „мој херој“.

Генералниот секретар на НАТО се довезе кај Заев со мерцедесот од 600 илјади евра

На 19 декември Владата соопшти дека „мерцедесот“ од МВР преминал во сопственост на Службата за општи и заеднички работи

Сообраќајот на патот Гостивар-Кичево по една коловозна лента поради сообраќајка

Како што информира АМСМ, причина е сообраќајна несреќа во близина на Трапчин Дол

Ексклузивно: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла ВИДЕО

Пародичните вести гледајте ги од 22 часот, веднаш по ракометниот натпревар Македонија-Шпанија на „Телма“

НАЈЧИТАНИ