• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
Плусинфо10:58 12 јануари 2018 ● Прочитано 2735

Американскиот претседател Доналд Трамп се занесе синоќа на состанок со парламентарци во Белата куќа за имиграцијата, нарекувајќи, според „Вашингтон пост“, неколку африкански нации и Хаити како „ср..е од држави“ (Shithole countries).

Трамп прими синоќа неколку сенатори меѓу кои републиканецот Линдзи Грејам и демократот Ричард Дурбин за да разговара за планот за ограничување на фамилијарно собирање и пристап до лотаријата за зелена карта. Во замена договорот би овозможил да се избегне протерување илјадници млади кои често доаѓаат како деца во САД.

„Зошто сите тие лица од ср..е држави доаѓаат овде?, (Why are we having all these people from shithole countries come here?), запраша Трамп во разговорите“, објави весникот цитирајќи неколку неименувани извори.

Според нив, тој алудирал на африкански држави како и на Хаити и Салвадор, објаснувајќи дека САД би требало да прифати државјани од Норвешка со чија премиерка имаше состанок ден претходно.

– Зарем ни требаат повеќе жители на Хаити -прашал претседателот, наведува „Вашингтон пост“.

„Њујорк тајмс“ кој објави извештај со истите зборови на претседателот цитирајќи неименувани извори блиски до разговорите, во јуни наведе дека Трамп рекол на еден друг состанок за имиграцијата дека „сите жители на Хаити имаат Сида“.

Белата куќа тогаш демантираше. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ