• 16 јануари 2018
  • Вести денес: 105
МИА11:01 12 јануари 2018 ● Прочитано 2476

Германија ќе го ограничи влезот на нови мигранти во земјата на околу 200.000 годишно, се предвидува со договорот кој е постигнат утрово за почеток на официјални преговори за состав на коалициска влада меѓу конзервативците и социјалдемократите.

- Ние утврдивме дека бројот на нови пристигнувања ... не треба да го надминува бројот од 180.000 до 220.000 лица годишно, се наведува во документот договорен од конзервативците на канцеларката Ангела Меркел и социјалдемократите, јави АФП.

Со денешниот договор, како што наведуваат западните медиуми, се зголемуваат шансите за прекин на повеќемесечната политичка неизвесност во Германија, која трае уште од парламентарните избори, кои се одржаа на 24 септември минатата година.

Кризата ја ослабна улогата на земјата на меѓународната сцена и се поставија прашања колку долго Ангела Меркел ќе остане на функцијата канцелар.

Денешниот договор отвора пат за подетални преговори во текот на следните недели.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Харадинај алудира за странска вмешаност во убиството на Ивановиќ

Харадинај го осуди убиството на Ивановиќ и побара ова злосторство да не се користи за разни политички цели.

Отворена американската Амбасада во Лондон, вредна една милијарда долари

Со бројни полициски сили, дипломатскиот персонал пристигна во новите простории во југозападниот дел на Лондон.

Ердоган: Турција ќе ги преземе сите мерки да гарантира национална безбедност

Според Ердоган, ваквите дејствија на САД „ќе влијаат на безбедноста во регионот како целина".

Јоксимовиќ: Србија е подготвена да и помогне на Македонија на европскиот пат

Јоксимовиќ и Јовановска разговараа и за претстојната посета на македонскиот вицепремиер за европски прашања- Бујар Османи на Белград

Шешељ: Западните раузнавачки служби се виновни за убиството на Ивановиќ

Мислам дека убијците на Ивановиќ нема да бидат пронајдени, бидејќи сум сигурен оти во убиството се вмешани западните разузнавачки служби...

НАЈЧИТАНИ