• 18 јануари 2018
  • Вести денес: 106
Плусинфо11:50 12 јануари 2018 ● Прочитано 4390

Министерството за труд и социјална политика денеска информира дека во последните месеци од минатата година е изготвен нов текст на Предлог законот за приватните агенции за вработување. Во процесот беше обезбедено широко учество на сите засегнати страни, вклучително и на постоечките агенции за посредување за вработување и агенции за привремени вработувања.

„Основањето и функционирањето на постоечките два типа на приватни агенции за вработување, агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство и агенциите за привремени вработувања, беше уредено со два посебни закони: Законот за агенциите за привремени вработувања и Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Ваквото уредување на материјата, која по својата суштина е многу слична, честопати доведуваше до забуна и правна несигурност кај потенцијалните кандидати за вработување и основачите на агенции“, укажуваат од МТСП.

Цел на Предлог-законот е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација на законите, кои како предмет на уредување ги имаат приватните агенциите за вработување, како и заштита на работниците вработени преку овој вид на агенции од можни злоупотреби.

„Предлог-законот за приватните агенции за вработување беше ставен на разгледување на седница на Економско-социјалниот совет на која присуствуваа и преставници од агенциите. Советот, како национално трипартитно тело даде позитивно мислење за предлог Законот, и истиот е доставен до Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението од МТСП. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Заев на средба со Американската стопанска комора AmCham од Албанија

Заев потенцираше дека Македонија работи посветено на унапредување на економската регионална соработка со земјите од регионот...

Бугарската Влада го усвои Меморандумот за поевтин роаминг со Македонија

Во моментов роамингот меѓу двете земји е меѓу поскапите во Европа и изнесува меѓу 1,5 и 3,5 евра за минута, односно околу 12,5 евра за мегабајт (МБ).

Почнува Last Minute Sale во Скопје сити мол

Во текот на шопинг еуфоријата која ќе трае се додека има залихи, односно до нивна распродажба, попусти и до 70 отсто во речиси сите продавници.

Прометот во индустријата за една година пораснал за 6,3 отсто

Прометот во индустријата на домашниот пазар во ноември 2017 во однос на ноември 2016 бележи опаѓање од 7,2 отсто.

Ќе се подигаат конкурентноста и извозните перформанси на компаниите

Во текот на следните две години тим на експерти ќе работи со компаниите кои ќе искажат интерес да ги унапредат и усовршат своите производни процеси.

НАЈЧИТАНИ