• 21 јануари 2018
  • Вести денес: 1
Плусинфо11:50 12 јануари 2018 ● Прочитано 6833

Градот Скопје, во соработка со средните училишта што се под негова ингеренција, започнува голем инвестициски проект за реконструкција на фасадите и на инфраструктурата во објектите, информираше скопскиот градоначалник Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

- Со реконструкцијата на фасадите ќе ги опфатиме сите средни училишта коишто имаат потреба од тоа. Со ова училиштата ќе добијат енергетски ефикасни фасади, во согласност со современите стандарди за рационализација и за заштеда на електричната и на топлинската енергија. Покрај реконструкција на фасадите предвидена е реконструкција на покривите и на надворешната столарија, таму каде што е потребно. Висината на средствата за оваа намена, предвидени во буџетот на Град Скопје изнесува 70 милиони денари. Овие средства ги обезбедивме со пренамена на средствата што беа предвидени за „Скопје 2014“ - истакна градоначалникот Шилегов.
Г
одинешниов буџет на Град Скопје за образование е двојно зголемен во споредба со лани, односно од 81,2 милиони денари на 163,2 милиони денари.

Градоначалникот Шилегов, исто така, кажа дека предвидени се уште 20 милиони денари, средства со кои ќе се изврши доопремување на училиштата и ќе се уреди внатрешната инфраструктура согласно со приоритетите на секое од училиштата.

- Во рамките на овие реконструктивните активности се зема предвид и адаптацијата на просторот за пристапност на учениците со физичка попреченост. Тоа значи дека ќе се изградат надворешни и внатрешни рампи во училиштата каде што тие недостигаат, а исто така ќе се адаптираат и тоалетите во сите средни училишта на Градот Скопје – рече Шилегов на прес- конференцијата.

Градоначалникот потенцираше дека со овие активности се обезбедува еднаков пристап за сите, а учениците со физичка попреченост ќе добијат пристап до секое средно училиште на Градот Скопје.

- Скопје го правиме енергетски ефикасен град, бидејќи Скопје е град за сите. Нашите деца заслужуваат да учат во подобри услови. Планираме тие услови да ги добијат со почетокот на новата учебна година - изјави скопскиот градоначалник.



 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.



ОСТАНАТО ВО РУБРИКАТА

Исклучените од парно ќе дискутираат за калориметрите

Протестот е 150 по ред и се одржува пред Регулаторната комисија за енергетика.

Даниел Дончевски по петти пат го фати крстот во Скопје

На денешната манифестација во осветените води на Вардар по крстот скокнаа околу 150 верници.

Last Minute Sale со попусти до 70 отсто

Девојки го привлекуваа вниманието на возачите и минувачите со табли кои повикуваа на зимски шопинг во Скопје сити мол.

Загадувањето ја запре обновата на Партизанска

Улицата изгледа лошо и нерамно, по должина на коловозот се познаваат три ленти како што е нанесуван асфалтот.

За Водици со изменет сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим на неколку сообраќајници во центарот на Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре.

НАЈЧИТАНИ